(Време на читање: 1 - 2 минути)


На трката во Асен, мотоциклот со кој ќе настапи Хорхе Лоренцо ќе има неколку промени.

Мотоциклот со кој ќе настапи Хорхе Лоренцо на Гран При трката која ќе се вози во Асен овој викенд, ќе претрпи неколку промени. Иако имаше добар старт на претходната трка, сепак инцидентот кој го предизвика Шпанецот значеше крај на трката не само за него туку и за Андреа Довициозо, Маверик Вињалес и Валентино Роси.  После неколку трки од почетокот на сезоната, Лоренцо се уште нема завршено меѓу најдобрите десет возачи.

Откако Лоренцо и RC213V заминаа во главното седиште на компанијата во Јапонија, се чини дека неговиот мотоцикл ќе претрпи одредени промени. Првата промена која може да се забележи се наоѓа на резервоарот. Додатоците кои ги има треба да му помогнат на Лоренцо при сопирање и при влегување во свиоците.

„Веројатно ќе имаме нови екстерни делови“, изјави Лоренцо во вторникот. „Се уште чекаме официјална потврда но многу е веројатно дека ќе имаме нов дел кој ќе ми обезбеди дополнителна поддршка.“

„Сакам да го одржам доброто чувство кое го имам со мотоциклот. Сега имаме нови делови и се надевам дека со нивна помош ќе успеам да се приближан на најдобрите возачи.“

Lorenco txt 28 06

Во моментов се чини дека само мотоциклот на Лоренцо ќе претрпи промени. Мотоциклот на неговиот тимски колега, Марк Маркез би требало да остане ист.

Додатоците може да се дизајнираат во зависност од потребите на возачот а големи се шансите дека кога ќе пристигнат деловите за мотоциклот на Маркез, тие ќе бидат различни.

Постојат гласини дека и Ducati  има подготвено екстерни додатоци додека пак Yamaha веќе ги искористи опциите за оваа сезона.

Иако Лоренцо се надева дека мотоциклот ќе биде добро подготвен за престојната трка, сепак поранешниот шампион нема да биде во најдобра кондиција после падот кој го имаше на тестот кој се одржа по завршување на трката во Каталуња.

„Тоа беше страшен пад и имав голема болга во градите и грбот. За среќа можев да го довршам тестот и да ги пробам деловите за кои претходно се договаравме.“

„Иако се уште чувствувам болка, сега сум малку подобар. Се надевам дека ќе бидам целосно подготвен за трката во Заксенринг.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: