(Време на читање: 1 - 2 минути)


Repsol Honda тврди дека опоравувањето на Марк Маркез се одвива како што е планирано.

Repsol Honda тврди дека опоравувањето на Марк Маркез се одвива според планираното. Ваквата реакција на тимот следува откако во јавноста се појавија гласини дека Шпанецот ќе мора да замине на трета операција. 

Според весникот „Mundo Deportivo“,  Маркез не е задоволен од тоа како заздравува повредата и размислува за уште една операција. Тој ја скрши десната рака на првата трка од сезоната во Херез по што веднаш му беше направена операција. Сепак, на 3-ти август му беше направена уште една операција откако се скрши плочката која му беше вградена. Сега тој стравува дека нема да може да се врати до крајот на оваа сезона.

Ваквите информации ја принудија Honda да издаде кратко соопштение:

„ Repsol Honda Team сака да потврди дека рехабилитацијата на Марк Маркез се одвива според планираното. Иако станува збор за долго и интензивно закрепнување, Марк и луѓето во неговиот тим немаат причина да бидат загрижени. “

Во исто време, на социјалните медиуми се појави слика од Маркез како крева тегови.

Marquez txt 1 22 10 2020

Веднаш по завршувањето на втората операција, Honda објави дека Маркез би можел да се врати на патеката за 2 до 3 месеци, односно некаде помеѓу 22-ри октомври и 22-ри ноември.

Единствено што знаеме во моментов е дека тој нема да се појави овој викенд на патеката во Арагон. До крајот на сезоната после тоа ќе останат уште три трки, две во Валенсија и една во Портимао.

„Портимао е интересна патека за крај на сезоната. Се надевам дека ќе бидам таму“, изјави Маркез минатиот месец.

Тест возачот на HRC, Стефан Брад продолжува да го менува Марк Маркез. Неговиот помлад брат, Алекс Маркез, последните две трки ги заврши на подиумот.

Патеката во Портимао ќе биде последната шанса за браќата Маркез да настапат заедно во еден ист тим. Следната година Алекс ќе вози за LCR.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: