(Време на читање: 1 - 2 минути)


Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Шпанскиот возач, кој помина девет години во MotoGP, во изминативе две недели го имаше своето деби на новиот мотоцикл но исто така беше и тест возач за MotoGP тимот на Ducati, откако нивниот актуелен возач, Микеле Пиро мораше да замине на операција. Иако 34 годишниот возач вели дека не му било никаков проблем да се менува од еден на друг мотоцикл, Баутиста најави дека ќе го промени својот стил со цел да го прилагоди да одговара на V4 но и на Супербајк серијата која користи Pireli пневматици но и различни електронски спецификации.

„Секогаш кога ќе се качиш на MotoGP мотоцикл, чувството е прекрасно. Моќта, електрониката, менувачот, “ изјави Баутиста во Херез. „Разликата кога ќе го споредите со мотоцикл од Супербајк серијата е навистина голема. Зимата во Шпанија е ладна и од Ducati ќе побарам да ми обезбедат Panigale бидејќи тој е повеќе сличен на мотоциклот кој го користев во минатото. Но за време на паузата нема да возам со тој мотоцикл бидејќи е премногу ладно и не сакам да ризикувам. 

Баутиста исто така вели и дека ќе ја модификува зимската тренинг програма за да се прилагоди на новата шема на серијата која од 2019 година ќе има три трки во текот на еден викенд.

„Имам претстава што ме очекува во Јануари и затоа ќе работам напорно за да се подготвам физички и психички за новата сезона. Во текот на Божикните празници телото е секогаш опуштено. Мислам дека тренингот повеќе или помалку ќе биде ист. Треба да откријам што треба да направам следно бидејќи оваа сезона ќе биде различна со минатата. Се уште не знам како да ги задржам истите перформанси во текот на целиот тркачки викенд.“

Баутиста го замени Марко Меландри во тимот на Ducati и во следната сезона ќе му биде тимски колега на Чез Дејвис. Се очекува Шпанскиот возач и во иднина да продолжи да биде тест возач на Ducati заедно со Микеле Пиро.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: