Мотоцикли

Забележан новиот DR Big на Suzuki

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Следете нè на:

 

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме и информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Ако веруваме во информациите кои можат да се најдат на интернет, овој нов мотоцикл на Suzuki има 1,037cc v-twin мотор, кој на еден или друг начин може да се најде кај голем број на модели во изминативе две децении.

Се чини дека машината преставува еволуција на Suzuki V-Strom 1000 а најверојатно и тука ќе ја има истата улога.

Доколку им веруваме на гласините, Big DR ќе биде подобар за оф роуд возење во споредба со V-Strom 1000 и би можел да биде многу сличен со Honda Africa Twin.

Suzuki dr big 800 Main 23 04

А како што веќе претходо имаме искусено со Africa Twin но и со KTM 790 Adventure R, пазарот на авантуристички модели се повеќе бара машина со оф роуд капацитети а фокусот е насочен кон оние кои се полесни. Веруваме дека Suzuki со овој модел планира да одговори на овие барања.

Она што можеме да го видиме од фотографиите е ветувачко а мотоциклот изгледа дека има долга суспензија. Покрај тоа ги има сите стандардни делови кои можат да се најдат кај авантуристичките мотоцикли.

Иако добар дел од идните модели на Suzuki се преработка на стари верзии, со нетрпение чекаме да видиме што ќе излезе од оваа машина.

Очекуваме Suzuki DR Big да дебитира оваа година, најверојатно на EICMA мото шоуто во Милано кое се оддржува во ноември. Дали овој мотоцикл ќе биде сериозна конкуренција на Honda Africa Twin? Дали ќе биде достапен пред Yamaha Ténéré 700? Како што веќе имаме кажано во минатото, само времето ќе покаже.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Ова не е стандарниот модел на кој сите сме навикнати.

Помеѓу фотографиите, гласините и веќе потврдените модели, не може со прецизност да се каже точно кои мотоцикли би можеле да ги очекуваме на пазарот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.