За добрите работи во животот понекогаш треба да платите, на пример, одмор во Шпанија или пак возење со Diavel 1260S.

За добрите работи во животот понекогаш треба да платите, на пример, одмор во Шпанија или пак возење со Diavel 1260S. Но оваа комбинација беше навистина интересна бидејќи Шпанија има одлични патишта а Diavel 1260S е фантастичен мотоцикл.

Токму така, фантастичен мотоцикл, барем од она што можев да го проценам за време на 250-те километри кои што ги поминав во Шпанија. Тој е брз, лесен за возење и изгледа прекрасно. Ducati направи голем број на тестирања и подобрувања без да се загуби од основата од она што е Diavel.

2019 Ducati Diavel 1260S2 Main 26 04

Во изминативе три децении, во главното седиште на компанијата беа креирани голем број на мотоцикли кои имаа слични ветувања. Звук, изглед и удобност на крузер а перформанси на спортски мотоцикл. Вообичаено се работи само за козметички промени.

Но Il Diavel е нешто различно. „Првично, требаше да биде mega-Monster модел“, изјави продукт менаџерот на Ducati, Стефано Тарабуси за време на техничката презентација. Но првите луѓе на компанијата, веројатно чувствувајќи притисок поради глобалната криза, од луѓето вработени во дизајнерскиот сектор побараа во целата комбинација да се додаде и идејата за крузер.

2019 ducati diavel 1260s sprinter pose Txt 1

Доколку подолго време гледате во него, ќе забележите необична привлечност. А погодете што? Ducati не само што успешно излезе од глобалната криза, туку оствари и профит. Ducati веќе продаде 35,000 Diavel модели од кои поголемиот дел завршија на пазарот во САД. Ова значи дека моделот успешно ја заврши својата задача и успеа во обидот да се рашири на пазарот.

Благодарение на ова, Diavel доби целосно обновување за сезоната 2019. Ваквата промена имаше една цел а тоа е да го направи уште подобар. Моторот со зафатнина од 1262cc доби одредени промени кои ја зголемија неговата моќност за неколку коњски сили.

2019 ducati diavel 1260s engine close up txt 2

Но бројките не ја кажуваат целата приказна. Максималниот број на вртежи сега доаѓа за 2,500 rpm повисоко но тука има нешто многу поразлично во споредба со стариот Diavel мотор. Ова пред се се должи на DVT (Ducati Variable Timing), иако можеби и новиот издув помага во тоа. Останатите додатоци кои ги има овој мотоцикл прават тој да биде во согласност со Euro 5 стандардот но исто така тој е ефикасен во потрошувачката на гориво и ефтин за оддржување, барем според Италијански стандарди. Промена на маслото треба да се направи после поминати 9000 километри додека пак проверка на вентилите треба да следува после 18000 километри.

Останатиот дел од мотоциклот претрпе големи промени. Напред има нова рамка а нова подрамка и вилушка има задниот дел. Резервоарот собира 4.5 литри. Дури и пневматиците се променети и тука се Pirelli Diablo Rosso III. Суспензијата и сопирачките се слични како и кај постарите верзии на Diavel. 1260S има 48mm предни и TiN заден амортизер, Brembo M50 радијални клипови и 320mm предни диск сопирачки.

2019 ducati diavel 1260s changes txt 3

Модерните мотоцикли имаат нова, модерна електроника а Diavel има голем број на такви додатоци. 1260 има неколку режими на возење, (Touring, Sport ,City) , Bosch Cornering ABS Evo, контрола на тракцијата и на тркалото. Мораме да признаеме дека е одлично од Ducati што ги нуди овие работи.

Со полн резервоар, Diavel 1260 тежи само 224 килограми. Основата е малку подолга отколку кај Xdiavel и изнесува 160 сантиметри. Рачките се поблиску до возачот а седиштето за совозачот малку пошироко. Цената во САД за основниот модел изнесува 19 995 долари додека пак S верзијата изнесува 22 995 долари.

На големо изненадување, Ducati за нас ја имаше само верзијата 1260S па затоа, освен спецификациите, не би можел да ви кажам ништо друго за стандардниот модел. Двата мотоцикли имаат иста тежина но го немаат истиот менувач, мултимедијалниот систем, заштитата за седиштето а двете верзии исто така имаат и различна боја.

032719 2019 ducati diavel 1260s led headlight copy

Во однос на самото возење. Поминавме речиси 150 километри по интересни патишта исполнети со свиоци. За останатите учесници во сообраќајот немам никаков коментар, без никаков проблем сите правеа простор кога ќе се обидеш да ги претекнеш.

А токму тоа го сторивме многу пати. Воопшто не треба да ве изненади фактот дека овој мотоцикл е неверојатно брз но во исто време и смирен при преносот на моќта. Втора брзина? Четврта брзина? Нема никаков проблем а забрзувањето е беспрекорно. Притиснете малку посилно на гаста и веднаш ќе забележите разлика. А и звукот кој го прави овој мотоцикл е неверојатен. Мојот мотоцикл, EBR 1190SX, има слична моќност но не е толку рафиниран. Diavel на некој начин делува помеко но во никој случај бавно.

Малку си играв и со електрониката и менував помеѓу Sport, Touring и City опциите. На крајот го оставив на Touring опцијата бидејќи ми се допаѓаше преносот на моќта која ја има оваа опција. Доколку сакате, можете да ги подесите опциите и на екранот да ви искачаат само инфомациите кои се важни за вас. А самиот TFT дисплеј е навистина креативно направен и корисен. Не сакам да ви кажам какви само искуства сум имал со други вакви слични работи.

2019 ducati diavel 1260s tft txt 5

Diavel има голема моќност но таа не е ништо доколку немате добро управување. Мене навистина ми се допаѓа Diavel 1260’s. Воопшто не делува како да возите некој крузер. Повеќе делува како flat-tracker или пак можеби голем UJM. Дистрибуцијата на тежината е 50/50 што е навистина неверојатно за нешто вакво.

Дури и кога ќе го навалите, тој не скршнува од линијата на движење. Суспензијата е одлична за мотоцикл кој има 224 килограми и толку голема моќност. Сопирањето е одлично, токму онака како и што очекувавме. Кога станува збор за Bosch ABS морам да признаам не ги употребив премногу. Но, кога ги употребував, навистина ми беше мило што се таму. Тие спречија да не се удрам во друг мотоциклист кој беше запрен пред мене.

032719 2019 ducati diavel 1260s rear wheel hub copy

Моќноста на самата електроника не запре тука. Таа одлично се покажа и кога престигнував автомобили но и при бавни свиоци. Во еден момент почувствував како ми се лизга задното тркало и го видов црвеното светло на екранот. Но веднаш потоа бев исправен и претекнував автомобил. Она што сакам да го кажам е никогаш не ми го позајмувајте вашиот мотоцикл.

Јас сум низок и ми треба малку време додека да се навикнам на некој поголем мотоцикл. Но со овој мотоцикл немав никаков проблем. Седиштето кое е широко е навистина удобно а држачите за нозете се доволно високи за да не создаваат грчеви. Оние кои се повисоки можеби нема да се сложат со ова мислење. Тежината на мотоциклот воопшто не се забележува при помала брзина. Возењето низ град е лесно а радиусот на вртење е поголем отколку што очекував. Поради леснотијата во управувањето при помала брзина и низ град, овој мотоцикл барем во тој аспект личи на крузер.

Седиштето не прави да се чувствувате укочено после неколку часа возење, (со ова не се сложуваат повисоките возачи) и имате доволно простор да се поместите напред или назад. Но во однос на позицијата на возење, тој сепак делува како да е крузер. Ветерот не е голем проблем но можеби ќе сакате поголемо стакло.

Изненаден сум што имав толку многу да кажам за Diavel 1260. Но тој е навистина добар мотоцикл. Тој не е вистински крузер, барем не во традиционална смисла. Но, без разлика што е, мене ми се допаѓа а верувам дека и вам ќе ви се допадне.

2019 Ducati Diavel 1260S

Предности

  • Удобен и забавен за возење.
  • Цената не е премногу различна од последната голема промена.

Недостатоци

  • Мали проблеми со протокот на гориво.
  • За 23 илјади долари треба да има подобра суспензија и тркала.
  • Изгледот воопшто не е лош но сепак делува како мотоцикл кој изел друг мотоцикл.

Опрема

Кацига: Shoei RF-SR, Цена: 399 долари.

Јакна: Roland Sands Designs Walker, Цена: 400 долари

Панталони: Bull-it Covert Jeans, Цена: 189 долари

Ракавици: Lee parks Design Sumo, Цена:179.95 долари

Чизми: Gasolina Classic, Цена: Од 269 долари па нагоре

Back To Top