Yamaha претстави специјална верзија на TMAX со цел да го прослави неговиот 20-ти роденден.

Оваа машина за прв пат се појави кон средината на деведесетите години кога Yamaha одлучи да го креира најбрзиот скутер во светот. Овој мотоцикл, кој ја дефинираше целата категорија, во текот на годините се продаде во повеќе од 300 илјади примероци само во Европа и стана еден од најпродаваните мотоцикли на Yamaha.

Специјалната верзија се базира на моделот кој беше претставен минатата година и кој има Euro5 560cc мотор и 45bhp.

TMAX main 09 03

Но она што го прави новиот TMAX навистина посебен се новите, модерни, материјали од кој е креиран. Голем број на делови од оваа машина се изработени од карбон, што пак значи дека секој модел е уникатен. Како надополнување на ова, тој има и „Tech Graphite“ боја.

Како стандардни делови кај оваа специјална верзија се загреаните рачки и седиште. Секој модел ќе има и посебен број.

Засега се уште не е позната цената на овие скутери но се очекува тие да се најдат во продажба на 31-ви март.

Back To Top