Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.

Подобрената линија на моделот RSV4 сега има нова електроника, делови за шасијата кои доаѓаат од MotoGP но и една од најубавите бои кај модерните мотоцикли.

Веќе опремен со еден од најдобрите мотори во класата, но кој не може да им се спротистави на BMW S1000RR или Ducati Panigale V4 како целокупен пакет, Италијанската компанија одлучи да го возврати ударот со најновиот RSV4 кој ќе биде достапен во две верзии. Тие ќе имаат 214bhp кои доаѓат од нивниот 1099cc V4 мотор кој пак е во согласност со Euro5. Во однос на актуелната верзија која има зафатнина од 1077cc, сега добиваме зголемување за 20cc а исто така има и нов издув.

Мотоциклите ја имаат истата алуминиумска „twin spar“ шасија која сега е во комбинација со променетата задна вилушка, за која од компанијата велат дека е полесна.  Кај двете верзии, RSV4 Factory и основниот RSV4, промени нема само во внатрешноста. Околу новиот мотор и рамка сега има нов сет на пластики како и поширока позиција за седење.

2021 RSV4 5

Од компанијата велат дека мотоциклите имаат екстремно низок аеродинамичен отпор кој треба да обезбеди поголема стабилност при  повисока брзина. Новиот изглед е комплетиран и со нов сет на аеродинамични додатоци.

На предниот дел на мотоциклите има неколку LED  светла, плус „cornering light“ по страничните делови.  Променета е и позицијата на седење благодарение на новиот резервоар и седиште.

Со поголемата моќност доаѓа и поголема одговорност а поради таа причина Aprilia додаде и неколку електронски помагала. За полесна навигација низ сите додатоци го имате новиот TFT екран кој сега е поголем и има повеќе опции.

Благодарение на новиот Marelli ECU како и шест оскениот IMU, покрај стандардните контрола на тракцијата, контрола на тркалото , ABS како и уште неколку други работи, додадено е и моторно сопирање на неколку нивоа. Исто така има и шест режими на возење, од кои три се наменети за тркачката патека. Две од нив пак можете сами да ги прилагодите. Од трите режими кои се наменети за возење по улица, еден можете сам да го прилагодите.

И двете верзии се опремени со истиот мотор, но претпоставуваме дека поскапата опција, ќе има уште неколку додатоци. Меѓу нив се алуминиумските тркала, полу активната Öhlins Smart EC 2.0 суспензија како и Brembo Stylema сопирачките.

Стандардниот мотоцикл е достапен само во „Dark Losail“ боја додека пак кај Factory верзијата можете да одберете помеѓу „Aprilia Black“ или „Lava Red“.

Засега се уште нема информација  која ќе биде цената на овие мотоцикли.

Back To Top