Мотоцикли

Yamaha MT-07 подготвена да го замени R6

Yamaha работи на „faired MT-07“ кој треба да ја пополни празнината која ќе настане по заминувањето на R6, велат извори од Јапонија.

Следете нè на:

 

Yamaha работи на „faired MT-07“ кој треба да ја пополни празнината која ќе настане по заминувањето на R6, велат извори од Јапонија.

Веќе подолг период има гласини за нов модел а последните информации говорат дека Yamaha ќе го престави новиот модел оваа пролет.

Веќе долго време се пишуваше за R6 кој се соочува со намалена продажба а секако тука се и построгите правила за емисија на штетни гасови. Според ова, мали се шансите компанијата да продолжи да инвестира во оваа машина.

Минатата година Yamaha објави дека R6 веќе нема да може да се најде на пазарот во Европа а за ентузијастите и тимовите на располагање ќе има само неколку тркачки модели.

Yamaha MT 07 sportsbike 1

Со заминувањето на R6 се создава дупка во линијата на спортски мотоцикли на Yamaha, помеѓу R3 и R1. Според нашите извори, оваа празнина ќе биде пополнета со нов мотоцикл кој ќе го има истиот CP2 мотор кој може да се најде кај МТ-07.

Parallel twin моторот кој може да се најде кај најновиот MT-07, има 74bhp што ни укажува на тоа дека ако компанијата не направи значителни промени, тогаш оваа машина ќе се натпреварува со Kawasaki Ninja 650 или Honda CBR650R наместо со Aprilia RS660. CP2 моторот е можеби најдобриот дел од MT-07. Но дури и со големи промени, сметаме дека Yamaha ќе сака да ги задржи бројките некаде до 80bhp.

Со цел да се намалат трошоците, што ќе биде клучно за успех на проектот, шасијата ќе биде слична како и кај актуелниот MT-07. Yamaha веќе направи одредени модификации на шасијата. Тркалата, суспензијата како и уште неколку други делови се очекува да бидат слични со цел буџетот да биде под контрола.

Yamaha MT 07 sportsbike

Токму буџетот ќе биде главен дел во однос на тоа дали овој мотоцикл ќе биде успешен или не. Нешто слично беше и со оригиналниот МТ-07 како и со Ténéré 700, кој исто така го користи CP2 моторот. Ако Yamaha успее во намерата цената на оваа машина да биде под 8000 евра, тогаш имаме победник.

Исто така се поставува и прашањето како ќе се нарекува овој мотоцикл. Конвенцијата за именување на Yamaha ни сугерира дека тој ќе се вика R7, но бидејќи веќе има таков тркачки модел кој е дел од WSB, и на кој Yamaha е исклучително горда, очекуваме компанијата на овој модел да му даде ново име.

Би можело да ве интересира

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, зборува за можните ривали во сезоната 2021 и колку време ќе му треба за да биде повторно 100% подготвен.

Мотоциклистичката федерација на Македонија во сабота (06.03.2021) ќе ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2020 година.

Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.

На интернет се појавија фотографии кои покажуваат дека Kawasaki тестира нов H2 SX SE+ кој ќе биде опремен со најнова технологија.

Преставени мотоциклите со кои во сезоната 2021 ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.