Камерата на Италијанскиот магазин Motociclismo забележа како BMW го тестира новиот модел базиран на S1000RR во Италија.

bmw-s1000rr-naked-bike-635x355

Камерата на Италијанскиот магазин Motociclismo забележа како BMW го тестира новиот модел базиран на S1000RR во Италија.

Машина за која долго време се шпекулира, и за која се верува дека ќе биде меѓу најдобрите нејкед мотоцикли на Германската компанија, се очекува да го има истиот четири-цилиндричен агрегат од S1000RR.

Обоен во црна и бела маскирна боја, тешко е да се забележат сите детали на новиот моторцикл. Од она што може да се види, предната маска изгледа навистина интересно. Доколку дебитира како модел од 2014 година, тогаш можеме да очекуваме дека ќе го видиме на EICMA шоуто во Милано кое ќе се одржи во Ноември оваа година (INTERMOT саемот нема да се одржи оваа година).

Back To Top