Triumph продолжува да не изненадува со нови модели, овојпат тоа се две специјални верзии на Rocket 3.

Базирани на спортскиот модел R и порелаксираната верзја GT, новите верзии R Black и GT Triple Black имаат голем број на подобрувања.

Во срцето на двата мотоцикли се наоѓа 2500cc triple кој го има и кај стандардните Rocket 3 модели. Тој има импресивни 165bhp и 6000rpm. Главниот дел кај Rocket е бројот на вртежи а овој голем мотор произведува 146.5lb.ft при само 4000rpm.

Со големиот мотор доаѓа и импресивната електроника која ги вклучува најновите безбедносни додатоци како што се „cornering ABS“ и „lean sensitive traction control“. Мотоциклите се опремени и со контрола на патувањето како и можност да го поврзете вашиот телефон.

Triumph Rocket3 4

R и GT во суштина се истите машини со таа разлика што верзијата R има малку поагресивна позиција за седење додека пак GT доаѓа со потпирач на седиштето. Што има тогаш ново? Па речиси се останато.

Моторот е речиси целосно црн, вклучувајќи го и издувот, штитникот за топлина и  делот за проток на воздух. И речиси сите останати делови на мотоциклот имаат црна боја. Двата модели доаѓаат со штитник за кал кој е изработен од јаглерод и секако дека и тој има црна боја. Од компанијата одлучија да произведат само по 1000 примероци од секој модел а со него доаѓа и посебен сертификат за автентичност.

Двата модели ќе се најдат во продавниците од средината на април. Препорачаната цена на производителот за Rocket 3 R изнесува 24.500 евра.  Доколку пак сакате да станете сопственик на Rocket 3 GT Triple Black, тогаш ќе треба да издвоите 25.000 евра.

Back To Top