Aprilia објави дека направила мали промени кај SX и RX125 за сезоната 2021.
Двата мотоцикли, чија што препорачана цена изнесува 4500 евра, добија подобрувања на моторот, подобри инструменти како и потрошувачка на гориво благодарение на новиот ECU.
SX125, кој за компанијата од Ноале е supermoto за поченици, има 17 инчни тркала. Од друга страна пак верзијата RX125 доаѓа со 21 инчно тркало напред и 18 инчно тркало позади.
Двата мотоцикли тежат 134 килограми и сега се опремени со „ single-channel “ Bosch ABS систем кој регулира колку може да се крене задното тркало. Покрај ова, имаат и 41mm USD вилушки а ја делат и истата „twin-tube “ челична рамка.
Тие се речиси идентични и во однос на внатрешните делови. Двете машини кои се во согласност со Euro5 стандардот се опремени со 124.2cc 4v едно-цилиндричен мотор кој произведува 14.8bhp при нешто помалку од 10,000rpm како и 8.3lb.ft of torque при 8000rpm. Меѓу промените кои се направени се и новата комора за согорување како и новиот издув кој сега е поефикасен. За новиот Marelli ECU се вели дека ја подобрува реакцијата на гаста.
Мотоциклте исто така имаат и подобрен LCD дисплеј а исто така има и дополнителен USB приклучок кој се наоѓа под седиштето. Достапна е и „Rally Tribute“ шара која е комбинација на бела, розева и црвена боја.
https://motori.com.mk/motocikli/podobrenite-aprilia-sx125-i-rx125-se-najdobri-prijateli-na-site-novi-vozachi#sigProIddea1e0f5b5
Би можело да ве интересира
Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.
Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.
МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.
Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.
Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.
Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.