Името Џон Браун можеби нема да ви значи ништо, но Honda веќе го запиша тоа име во својата историја. Господинот Браун е првиот човек кој го доби RC213V-S MotoGP реплика мотоциклот.

Џон Браун е сопственик на продавница за Honda мотоцикли во Манчестер. Тој исто така има и колекција на Honda мотоцикли меѓу кои ги има и новиот RC30, VTR1000 SP1 и SP2, CBR900RR Fireblade, и VF1000F.

Искрено, очекувавме дека некој луд љубител на Honda мотоцикли или некој богат колекционер ќе го има првиот RC213V-S, па мило ни е дека ваков колекционер го доби.

Господинот Браун исто така беше еден од првите лица кои се регистрираа на сајтот за да го нарачаат новиот модел. Тој изјави дека денот кога му се јавиле од Honda да му кажат дека неговата нарачка е прифатена, му бил еден од најсреќните денови во неговиот живот.

На предавањето на мотоциклот присуствуваа две важни личности за Honda, Дејв Хенкок и Нил Таксворт. Хенкок е главен за планирањето и бизнис развојот на Honda во Европа, еден од лицата кои буквално одлучуваат каков мотоцикл ќе произведе Honda. Таксворт е поранешен натпреварувач кој сега е менаџер.

Да се види како првиот RC213V-S му се предава на купувачот е навистина фантастично, особено за некој како Џон кој е пасиониран за Honda. Низ развојниот процес се обидовме да го задржиме RC213V-S најблиску што можеме до оригиналната MotoGP машина, за потрошувачот да го добие најдоброто искуство. Продажбата и интересот за мотоциклот е навистина голема. Некои купувачи сакаат да го имаат овој мотоцикл во својата колекција а некои сакаат да го возат- Тецуо Сузуки, оперативен офицер во Honda

S верзијата од овој модел била во развој три години и го презентира врвот на Honda спортските мотоцикли кои можат да се возат на улица.

Не се знае дали господинот Браун планира да го изложи својот мотоцикли или планира да го вози. Како и да е, од Honda не кажаа дали тој ја купил уличната верзија на мотоциклот која чини 188 000 евра или моделот кој е наменет за тркање и кој има 215кс. Во секој случај, тоа е еден одличен новогодишен подарок. 

Back To Top