Состојбата на MV Agusta е многу подобра оваа година. Според првичните информации, продажбата на светско ниво е зголемена за 30%.  

Во изминативе неколку години оваа компанија беше во надолна линија, но се чини дека соединувањето со Mercedes AMG им помогна да ги подобрат работите.

До денеска, MV Agusta има продадено 9000 примероци ширум светот, особено надвор од Италија. На домашниот пазар, MV Agusta нема голем напредок. Има само мал пад од 0,1 % во споредба со 2014 година.

Најголема продажба беше забележана во Велика Британија, 140% повеќе мотоцикли беа продадени оваа година од лани. И во другите земји исто така е добра продажбата. Во Шпанија беа продадени 54% повеќе мотоцикли, во Германија 26% додека пак во Франција за 20% повеќе отколку минатата година. Во САД продажбата се зголеми за 50%, а на далечниот исток за 12 %.

mv agusta 2015 3

MV Agusta исто така има причина да слави оваа година бидејќи нивната добивка за оваа година се зголеми за 30%.  Уште подобра вест за нив е фактот дека профитот од еден продаден мотоцикл изнесува 40%.  Ова се должи на поголемата продажба на премиум модели како што се Turismo Veloce и Dragster RR.

Најдобро продаван мотоцикл на  MV Agusta за оваа година е Brutale 800, на кој се должи речиси 30% од продадените мотоцикли.  После него се двата модели што ги спомнавме претходно.

Италијанскиот производител се уште е далеку од бројката која ја најави за оваа година и која изнесува 12 000 продадени мотоцикли. Но сепак, со помош на малцинскиот сопственик на акции Mercedes AMG (25%), MV Agusta има одлична можност за раст во 2016 година.

mv agusta 2015 1

Back To Top