Мотоцикли

Прв преглед: 2022 Kawasaki KLR650

Знаев дека некоја верзија на оваа приказна еден ден ќе се најде пред мене.

Следете нè на:

 

Знаев дека некоја верзија на оваа приказна еден ден ќе се најде пред мене.

Тогаш очекував да напишам нешто слично на ова: „Новиот KLR  е целосн нова авантуристичка машина која доаѓа од Kawasaki, која е опремена со Versys/Ninja/Z 650 parallel twin и која има spoked тркала. Единствената поврзаност со стариот KLR650 е името.“ Колку само ќе погрешев.

Наместо тоа, KLR 650 ни пристигна опремен со fuel-injected верзија на добропознатиот 650 thumper. „Легендарниот dual-sport се враќа и е подобар од било кога, тој е рафиниран и подготвен за креирање на нови спомени“, велат од Kawasaki. Многумина сметаа дека враќањето на KLR ќе донесе и дополнителен цилиндар како и промени во целта на овој мотоцикл. KLR можеше да биде повеќе ориентиран кон улично возење, како што е Versys 650,или пак модерен авантуристички мотоцикл, каков што е Yamaha Ténéré 700. Но за среќа, барем за мене, KLR е „Jumbo dual sport“ и повторно го има препознатливиот едно-цилиндтичен мотор како и 21 и 17 инчните тркала.

kawasaki 1

Повеќе детали

Се чини дека моторот ја има задржано традиционалната архитектура, а има промени кај внатрешните делови на агрегатот, издувот како и кај кумплугот. Промени има и кај компонентите на трансмисијата со цел таа да биде поиздржлива. Од компанијата знаат на какви услови се возат овие мотоцикли и затоа се додадени поцврсти делови. Напред кај рачките има доволно простор за навигација и друга електроника.

kawasaki 2

Има и ново веторбранско стакло за подобра заштита а со зголемениот резервоар, очигледно Kawasaki сака возачите да можат да поминат повеќе километри.Редизајнирано е и седиштето.

Кај рамката нема големи промени, иако има нова задна вилушка. Меката суспензија е заменета со потврди амортизери, посилни тркала, подобри сопирачки.

kawasaki 4

Дури има и ABS како опција. „Изработен во соработка со Bosch, Dual Purpose ABS  има за цел да им помогне на возачите при сопирање на пократки релации без разлика на тоа каде возат“, се наведува во соопштението на Kawasaki. „Активацијата на ABS системот е побавна во споредба со нормалниот ABS систем поради тракцијата. Ова пак доведува до подобро и потрадиционално чуство кога притискате на кочницата.“

kawasaki 5

Поради се поголемата популарност на авантуристичкото возење, Kawasaki не можеше да ја пропушти шансата KLR да го направи понаклонет кон ова возење. Промени има кај задниот дел од мотоциклот каде е појачана подрамката. Кај KLR 650, LED светлата се заменети со светла кои имаат капацитет од 80W. Тука се и загреаните рачки, GPS како и уште неколку додатоци.

kawasaki 6

Има и две нивоа на опременост, туринг и авантуристички. KLR650 Traveler доаѓа опремен со DC/USB приклучоци додека пак KLR650 Adventure има штитници на моторот, DC/USB приклучоци, LED светла како и странични кутии со капацитет од 21 литар.

kawasaki 7

Без никакво сомневање, KLR се придржува до репутацијата. Оваа машина е достапна во неколку бои, Pearl Lava Orange, Pearl Sand Khaki и Cypher Camo Grey.

2022 KAWASAKI KLR650
Engine
652 cc, liquid-cooled, DOHC, four-valve, single cylinder
Transmission,
final drive
Five-speed, chain
Frame
Semi-double steel cradle frame
Front suspension
41 mm fork; 7.87 inches of travel
Rear suspension
Uni-Trak monoshock, five-step preload adjustment, stepless rebound; 7.28 inches of travel
Front brake
Single two-piston caliper, 300 mm disc, optional ABS
Rear brake
Single-piston caliper, 240 mm disc, optional ABS
Rake, trail
30.0 degrees, 4.8 inches
Wheelbase
60.6 inches
Seat height
34.3 inches
Fuel capacity
6.1 gallons
Tires
90/90R21 front, 130/80R17 rear
Claimed weight
456.2 (non-ABS), 460.6 (ABS), 471.7 (Traveler), 487.1 (Adventure) pounds
Available
TBA
Warranty
12 months

Би можело да ве интересира

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.