Aprilia само што претстави уште еден модел кој се базира на нивната „middleweight twin“ платформа: Tuono 660.

Опремен со истиот 270-degree parallel twin мотор кој го има кај новиот RS 660, оваа машина изгледа многу полесна за возење во споредба со Tuono V4.

Мислам дека се работеше на создавање на овој мотоцикл уште откако беше најавен 660 моторот. А со препорачана цена од производителот која изнесува 8800 евра, тој е дури подостапен и од RS.

07 Aprilia Tuono 660 1

Цел и перформанси

Од компанијата велат дека го изградиле Tuono 660 врз основа на три возачки концепти: спортска разновидност, да биде лесен за управување и забавен. Неговата ергономија заедно со 95 коњски сили и тежина од 182 килограми, не се далеку од овие цели.

Aprilia ја нарекува оваа машина „accessible to everyone“ и таа е наменета за сите, од искусни возачи па се до поченици за кој ова ќе биде првиот поголем мотоцикл. Со Tuono можат да возат дури и оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини на тркачката патека.

13 Aprilia Tuono 660 2

Шасија

Алуминиумската рамка кај Tuono 660 на моторот делува на истиот начин како и кај RS 660. Погледнете ја само задната вилушка. Тоа нема да го најдете кај SV650 и токму тоа е она што не привлекува кај 660 платформата. Овие машини ја пополнуваат празнината на пазарот која постои помеѓу моделите 650 и 600 supersport.

19 Aprilia Tuono 660 3

Рамните рачки како и променетата вилушка овозможуваат спортска позиција на возење, слично како и кај поголемиот Tuonos. Иако Kayaba превртената вилушка како и задниот амортизер не се нешто посебно, немавме никаков проблем кога го тестиравме.

25 Aprilia Tuono 660 accessories 4

Електроника и технологија

Целосниот пакет на додатоци и помагала го прават Tuono 660 модерен мотоцикл. Опремен е со ABS, контрола на тракцијата на неколку нивоа, контрола на патувањето како и прилагодливо моторно сопирање и контрола на тркалото. Две од петте моторни мапи се посветени за возење на тркачка патека. Исто така можете да ги прилагодите овие мапи.

22 Aprilia Tuono 660 5

TFT ја следи целата електроника. За мотоцикл чија цена е под 10 илјади евра, Tuono е навистина добро опремен.  Сепак, во соопштението на Aprilia не е наведено дека оваа машина е опремена со quickshifter, една од најочигледните разлики помеѓу RS и Tuono.

20 Aprilia Tuono 660 6

Покрај овој мотоцикл, Aprilia на пазарот ќе го претстави и Acid Gold чија цена ќе изнесува 8999 евра. Двата мотоцикли ќе можат да се најдат во продавниците на почеток на пролетта.

Back To Top