Дали би платиле 13.000 долари за мотоцикл кој има само 30 коњски сили, 445 cc мотор со воздушно ладење и кој е произведен во Кина?

Вообичаениот одговор е веројатно не, зошто би го направил тоа? Она што обично не привлекува кај мотоциклите изработени во Кина е нивната цена а кога зборуваме за еден мотоцикл, прво мислиме на неговиот мотор. Но, новиот Janus Halcyon 450 не е обичен мотоцикл и неговата цел не се обичните возачи.

Ако не знаете кои се Janus, тие се компанија која комбинира мотори изработени во Кина со различни делови креирани од страна на Амишите кои живеат во близина на Индијана. Halcyon 250 е рачно изработен а неговата цена почнува од 7000 долари.  Ричард Воршам, еден од основачите а компанијата, вели: „Мотоциклот може да развие брзина од 112 км/ч. Дали ви е потребна поголема брзина од ова?“

Halcyon 450

Сепак, се чини дека има луѓе кои сакаат да возат побрзо и затоа сега го имаме Halcyon 450.

„Нашата цел е да го направиме овој мотоцикл да може слободно да се движи на автопат“, вели Воршам. „Тој не е дизајниран за патување низ целиот континент но  тестиран е и развива брзина поголема од 144 км/ч.“

За да го постигне тоа, компанијата купува мотори од Италијанската компанија SWM, мотори кои се склопуваат во Кина. Тие се fuel-injected, four-valve single. А исто како што моторот кај Halcyon 250 потекнува од Honda CB125, новата машина е опремена со мотор кој потекнува од старата Honda XR400.

За разлика од Halcyon 250, новата верзија, 450, има задна суспензија за да се справи со поголемата брзина и моќност и да го направи возењето поудобно. И сопирачките на Brembo се еден чекор погоре. Од компанијата велат дека овој мотоцикл е тежок 163 килограми.

Она што не привлекува кај Janus не се спецификациите ниту пак перформансите. Се работи за стилот, чуството како и фактот дека е рачно изработен само за вас. Клиентот одлучува за финалните детали на мотоциклот.

Back To Top