Пред еден месец пишувавме за тоа како Kawasaki планира да му одговори на Ducati Panigale V4 R кој во моментов доминира во Светскиот Супербајк шампионат.

Пред еден месец пишувавме за тоа како Kawasaki планира да му одговори на Ducati Panigale V4 R кој во моментов доминира во Светскиот Супербајк шампионат. Накратко, Јапонската компанија планира на пазарот да престави специјален супербајк модел, кој исто како и Panigale V4 R ќе биде тркачки мотоцикл и ќе има единствена цел а тоа е освојување на титулата во WorldSBK серијата.

Денеска, благодарение на податоците кои ги доставија до California Air Resources Board (CARB),  добивме дополнителен доказ дека тие ќе го престават новиот Kawasaki Ninja ZX-10RR како модел за сезоната 2020.

Документите кои се поднесуваат до агенцијата обично се однесуваат на моќноста, но еден сет на документи може да се однесуваат на неколку машини. На пример, на документите поднесени во 2019 година се наведени Ninja ZX-10R како и тркачкиот Ninja ZX-10RR. Ова се има случено веќе неколку пати со  ZX-10R платформата.

kawasaki ninja zx 10rr black

Но сега откако е преставен моделот за 2020 година, можеме да забележиме дека само за Ninja ZX-10R се наведени стандардите за емисија на штетни гасови. Очигледна причина за ова би било тоа дека промените кои ги има на моторот на ZX-10RR платформата ќе влијаат врз емисијата на штетни гасови. Токму поради тоа мора да се поднесат и други документи.

Но исто така ова би можело да значи и дека Kawasaki се уште не одлучиле какви ќе бидат нивните планови за следната година, иако ова е малку веројатно. Исто така, ова е најмалку веројатна опција, 2020 Kawasaki Ninja ZX-10RR, нема да се појави на пазарот во Калифорнија и токму поради тоа нема потреба да се поднесат документите.

Ние не веруваме во вакво нешто, но тоа сепак постои како опција.

Наше предвидување? Целосно нов Kawasaki Ninja ZX-10RR ќе дебитира на EICMA кон крајот на годината.

Kawasaki го забележа напредокот кој го има Ducati и работат на тоа да видат каде е разликата меѓу  ZX-10RR и Panigale V4 R. Очекуваме со нивниот нов супербајк модел, таа разлика дополнително да се намали.

Back To Top