Triumph Rocket GT, продукциска верзија на најмоќниот мотоцикл на Hinckley. Веројатно, ова нема да биде единствениот модел....

Triumph Rocket GT, продукциска верзија на најмоќниот мотоцикл на Hinckley. Веројатно, ова нема да биде единствениот модел....

Мотоциклот беше забележан денеска во Хрватска а според сликите тој има помал екран, држачи,  дополнително седиште и држачи за нозете на сопатникот а исто така има и сет од стандардни вилушки. Тој има и регистрација и од она што можеме да го процениме, овој мотоцикл е подготвен наскоро да биде прикажан на некое мото шоу.

Сепак, веднаш зад GTможете да видите уште една верзија која има помало стакло, што пак ни сугерира дека овој модел е повеќе насочен на перформансите. Би можело да се појави и туринг верзија која ќе има различна подрамка, поголем екран и поудобно седиште.

Откако уште од јануари оваа година ни го најавуваа моделот, Triumph конечно го престави мотоциклот кој најверојатно ќе урне неколку рекорди. Изграден врз основа на Rocket III кој беше преставен во 2004 година, новиот модел има значителни подобрувања.

Во срцето на Rocker останува фантастичниот мотор кој сега има 2458cc што го прави најголем продукциски мотоцикл на светот. Исто така има и 167bhp што го прави најмоќен мотоцикл на Triumph.

Сето ова е овозможено со додавање на егзотична технологија како што се титаниумските вентили кои му овозможуваат на Triumph да ја крене границата. Додадени му се и три карбонски придушувачи на звукот.

Triumph Rocket GT Txt 1 13 05 2019

Мотоциклот добива и импресивен електронски пакет кој вклучува сензитивна контрола на тракцијата, ABS сопирачки, четири режими на возење како и нов менувач на брзини. Тука се и контрола на патувањето, мониторирање на притисокот на пневматиците а мотоциклот се стартува без клуч. Сето ова може да се контролира преку TFT екранот на кој можете да го приклучите вашиот телефон.

Овој мотоцикл нема само електроника и голем мотор. Тука е и шасијата. Од спецификациите можеме да забележиме дека Triumph го направија новиот Rocket да биде главен конкурент на Diavel. За да го постигнат тоа, мотоциклот има 47mm целосно прилагодливи Showa вилушки како и целосно прилагодливи амортизери.

За сопирањето се грижи Brembo со помош на прилагодлив, радијален главен цилиндар на кој има врвни Stylema клипови – исто како и кај Ducati Panigale V4.

Единственото нешто кое може да ги спречи сите оние кои се заинтересирани за овој мотоцикл веднаш да отидат до најблиската продавница е неговата цена која изнесува 25 илјади фунти. Но ако се појави и обична верзија која ќе нема премногу додатоци, тогаш сигурни сме дека бројот на купувачи значително ќе се зголеми.

Back To Top