Мотоцикли

Преглед: KTM 790 Adventure R

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Следете нè на:

 

На EICMA 2018 кое се оддржа во Милано, КТМ го претстави 790 Adventure R, мотоцикл инспириран од релито Дакар. Овој спортски модел беше претставен заедно со мотоциклот кој е повеќе наменет за возење по улица, КТМ 790 Adventure и кој го користи истиот 799cc LC8c мотор. Сепак верзијата R се разликува според подобрената WP суспензија како и подобрениот преден дел.

Со суспензија која има 240mm, 93.7bhp како и шест брзински менувач, се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје.

Поголем комфорт

Креиран заедно со KTM 450 Rally, KTM 790 Adventure R обезбедува агресивни оф роуд перформанси за мотоцикл кој е удобен и за долги возења. Од компанијата велат и дека со едно полнење на резервоарот можете да поминете околу 280 милји.

KTM 790 Adventure R 02

Удобното возење е обезбедено со помош на пониската позиција на седиштето како и неколкуте опции за прилагодување на држачите. Резервоарот за гориво исто така е сместен подолу за да се добие понизок центар на гравитација и подобро управување. Постои и можност за дополнителен багаж.

Режими на возење

Покрај комфорот, исто така има и неколку режими на возење. Доколку сакате, ако возите низ некоја планина, можете да ја исклучите оф роуд опцијата. „Ride-by-wire“ опцијата обезбедува многу попрецизен пренос на моќта.

Би можело да ве интересира

Во овој текст ви ја преставуваме една од најновите кациги која се најде во нашите раце.

Потврдени промените за сезоната 2019.

Во Струмица ќе се гради мотокрос патека за одржување на натпревари од највисок ранг.

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.