Harley-Davidson малку го зголеми капацитетот кај одредени машини. Наместо 1753cc, Street Bob сега има 1868cc.
Со зголемувањето на капацитетот доаѓа и зголемување на бројот на коњски сили кој наместо 85bhp сега изнесува 92bhp. Мала промена има и кај бројот на вртежи, од 106ftlbs сега има 115ftlbs. Под претпоставка дека сакате во целост да ги искористите дополнителните коњски сили, Street Bob 114 сега доаѓа опремен со ново седиште и држачи за нозете.
Понудата на верзијата 114 го прави Street Bob еден од најатрактивните „Softail “ машини. Овој модел е совршена основа доколку самите сакате да направите одредени прилагодувања.
Softail линијата доби и други промени но тие се чисто козметички. Кај Fat Boy 114, светлата се заменети со LED, додека пак „brushed chrome“ сега е заменет со „bright chrome.“
Harley исто така ја откажа изработката на три „Softail“ модели (Low Rider, Deluxe и FXDR), но искрено, не верувам дека многу возачи ќе се налутат поради тоа.
Ако „bagger“ повеќе ви се допаѓаат, тогаш новите промени кои се направени сигурно ќе ви се допаднат. Street Glide Special, Road Glide Special и Road King Special добија нови штитници за моторот, подобри воздушни филтри плус имате опција да одберете помеѓу црн и хромиран мотор. Има и неколку нови, интересни, комбинации на бои.
Има и неколку интересни додатоци вклучувајќи ‘Rockford Fosgate’ аудио подобрување, загреани седишта, LED свтла како и држач за телефон. Тука се и „Screaming Eagle“ цевките како и „top end tuning kits“. Сепак, тие се уште не се одобрени во Европа.
Од компанијата ја потврдија и CVO линијата за сезоната 2021 која ги вклучува Road Glide, Street Glide, Limited и Tri-Glide. Сите се опремени со 117ci CVO мотор и електронскиот-безбедносен пакет на Harley кој вклучува ABS, контрола на тракцијата како и мониторинг на притисокот на пневматиците.