На интернет страната на Aprilia можете да ги видите првите фотографии од новиот RSV4, еволуција на неверојатниот и уникатен проект.

Новиот дизајн, содржи вградени аеродинамични додатоци, мотор и најнова електроника. Има и нова ергономија која обезбедува уште подобри перформанси.

Новата Aprilia RSV4 претставува референца за сите супербајк модели.

Историјата на Aprilia RSV4 е една од најфасцинантните мото приказни во светот. Креиран со цел да победи на тркачката патека но и на секој тест, оваа машина доминираше една декада и освојуваше награди во секоја категорија. Овој мотоцикл беше дел и од MotoGP.

Ова е демонстрација на неверојатниот дизајн во сектор каде што мотоциклите се резултат на употребата на најдобра технологија. Низ годините, Aprilia RSV4 постојано беше подобрувана, притоа секогаш останувајќи референца за спорт и перформанси. Најдобар пример за тоа што може да се постигне доколку се искористи искуството и знаењето на тркачкиот сектор на Aprilia, оддел кој помогна во освојувањето на 54 шампионски титули, вклучувајќи седум во SBK серијата со помош на RSV4.

Новата Aprilia RSV4, чија премиера можете да ја видите на интернет страната на Aprilia, доби некоку промени.

Aprilia RSV4

Новиот дизајн е резултат на одлично завршената работа во однос на аеродинамиката, потврдувајќи ја со тоа посветеноста на Aprilia во изнаоѓање на комплексни и иновативни решенија. Стилот, инспириран од ултра модерниот RS 660 како и обликот моделиран во воздушните тунели, овозможуваат екстремно низок коефициент на аеродинамична отпорност. Ова обезбедува значителен бенефит во однос на перформансите при повисоки брзини а исто така го зголемува и притисокот во воздушната кутија.

Аеродинамичните крилца повеќе не се само дополнителен елемент на панелите туку се вградени во мотоциклот. Ова решение обезбедува стабилност при големи брзини, го подобрува и ладењето на моторот и го пренасочува топлиот воздух од возачот. Предните LED светла се карактеристичен дел на Aprilia. А сега е вклучена и “bending lights” функцијата: пар на дополнителни света кои го осветлуваат внатрешниот дел на свиокот со што се зголемува видливоста при вртење.

Ергономијата е нова и подобрена благодарение на новиот резервоар и новото седиште кое му овозможува на возачот порелаксирана и природна позиција на седење. Електричните контроли имаат поголема функционалност а новиот TFT екран е поголем. Благодарение на новиот Marelli 11MP ECU како и на шест оскената внатрешна платформа, електронскиот менаџмент е подобрен со „Ride-by-Wire throttle“ а и APRC оперативната логика исто така е рафинирана. Електрониката е комплетирана со моторно сопирање на неколку нивоа.

Сега има шест режими на возење, три се наменети за тркачка патека и три за возење по улица. Возачот треба само да го одбере режимот кој најмногу му одговара и автоматски ќе ги добие сетинзите за контрола на тракцијата, контрола на тркалото, моторно сопирање, ABS и уште неколку други работи.

Шасијата, која е наследник на победничката династија кој освои 18 светски титули и 143 Гран При победи во класата од 250cc, претрпи драстични промени со новата задна вилушка, инспирирана од еден Aprilia RS-GP кој беше дел од MotoGP. Дизајнирана е да ја подобри стаблноста на задниот дел при забрзување.

Првиот „narrow V4“ кој има високи перформанси и кој се најде во масовно производство, е најреволуционерниот и најмоќен мотор кој некогаш бил креиран од Aprilia. И покрај Euro 5 одобрувањето, добива поголем број на вртежи и има максимална моќност од 217 HP, благодарение на новиот издувен систем како и поголемиот капацитет, кој наместо 1,077 cc сега има 1,099 cc.

Достапни се две верзии: RSV4 (само во Dark Losail боја)  и RSV4 Factory (Aprilia Black и Lava Red). И двете верзии се опремени со V4 мотор кој има 1099cc и се разликуваат само според стандардната опремата која кај Factory верзијата вклучува алуминумски бандаши, полу активна Öhlins Smart EC 2.0 суспензија и Brembo Stylema сопирачки.

Back To Top