Мотоцикли

Почетна цена за Harley-Davidson Pan America 1250 ќе биде 17 000 долари

Како што се приближува дебито на Harley-Davidson Pan America 1250 така се повеќе се појавуваат информации за овој модел.

Следете нè на:

 

Како што се приближува дебито на Harley-Davidson Pan America 1250 така се повеќе се појавуваат информации за овој модел.

Според првите информации, оваа машина ќе има прифатлива цена која според производителот ќе изнесува 17 илјади долари.  Дури и со сите додатоци, не веруваме дека неговата цена би можела да се искачи над 20 илјади долари, што го прави достапен овој луксузен авантуристички модел.

Според  цената, 2021 Harley-Davidson Pan America 1250 ќе биде изедначен со неговите Европски ривали. Можеме да очекуваме оваа машина да ги има типичните луксузни додатоци како што се електронската суспензија, навигација како и многу други помагала за возачите.

Од компанијата се уште не ги откриваат точните спецификации на мотоциклот само велат дека ќе има повеќе од 145hp / 90 lbs ft of torque.

Веќе го имаме видено ова и затоа можеме да очекуваме бројките да се движат помеѓу 155hp и 160hp.

2020 Harley Davidson Pan America 13

Со ова, Pan America ќе биде некаде на исто ниво со KTM 1290 Adventure S и Ducati Multistrada V4. Најдобар во однос на шасијата е BMW R1250GS и можеме да очекуваме дека Harley-Davidson ќе се обиде во секој сегмент да го надмине овој модел. Тоа би значело и намалување на тежината и можеме да очекуваме новиот мотоцикл да има околу 220 килограми.

Секако, најважниот елемент кај Harley-Davidson Pan America 1250 не можеме да го најдеме кај спецификациите.

Не е никаква тајна дека освен на крузер моделите , на компанијата слабо и оди продажбата. По што ќе се разликува овој нов модел?  Дали возачите кои претходно не биле заинтересирани за Harley сега ќе го променат мислењето? Дали првите луѓе на компанијата ќе успеат да привлечат нови возачи?

Како што знаеме да кажеме, само времето ќе покаже.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Еден од најперспективните млади Мотокрос возачи во класата MX85 Антонио Дамјановски од Битола оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“ од Скопје.

Ducati стана вториот фабрички тим кој потврди дека ќе остане дел од MotoGP најмалку до 2026 година.

Поранешниот MotoGP возач ќе мора да почека некој друг ден за да дебитира во WorldSBK серијата.

Harley-Davidson малку го зголеми капацитетот кај одредени машини. Наместо 1753cc, Street Bob сега има 1868cc.

Откажувањето на тестот во Катар, поради строгите правила на Малезиската влада, ги промени плановите на MotoGP тимовите.

Како што се приближува стартот на сезоната 2021, Пол Еспаргаро ги сподели неговите размислувања за преминот во еден од најпознатите тимови. Ова е исполнување на сонот, вели Еспаргаро.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.