Коронавирусот можеби расипа многу работи но не ги спречи производителите на мотоцикли да креираат одлични машини за сезоната 2021.

После неколку месеци известување за нови модели, направивме листа од најдобри 10 мотоцикли кои ги очекуваме во 2021 година.

Triumph Trident 660

Triumph Trident

£7195

660cc inline triple

80bhp @ 10,250rpm

189kg (wet)

Triumph успеа да креира едноставна и ефтина машина која е одлична за возење по улица. Моторот е ист и покрај тоа што го дели истиот капацитет со A2-restrictable Street Triple S. Тоа значи нови клипови, глави на цилиндрите, нови кутии, квачило. Всушност би било полесно да ги наброиме работите кои не се нови.

Trident 660 е одличен за управување без разлика во која брзина возите. Тој е идеален за прв мотоцикл и е многу подобар во свиоците во споредба со неговите конкуренти. Одлично е изграден а резервните делови се евтини.

Шасијата е целосно нова, а она што е особено добро, е тоа што и покрај ниската цена која ја има тој е опремен со 41mm Showa Separate Function вилушки, Nissin calipers и Michelin Road 5 пневматици. Нема премногу простор за прилагодување на суспензијата но тоа и не е невообичаено со оглед на цената. Севкупно гледано ова е импресивен пакет.

Aprilia RS660

Aprilia RS660

£10,150

659cc DOHC parallel twin, 4v per cyl, l/c

99bhp@10,500rpm (claimed)

183kg (kerb)

Новата RS660 машина на Aprilia е мотоцикл кој има одлични перформанси, сиче е за управување како и mini RSV4, има пневматици со супербајк спецификации, суспензија и сопирачки.

Новиот 99bhp, 659cc parallel twin cylinder мотор нуди одлични можности. Но дали цената од 11 илјади евра е премногу за вас? Кога ќе го споредите со Kawasaki Ninja 650 кој чини 7500 евра и Honda CBR650R кој изнесува речиси 9000 евра, тогаш одговорот е да. Но Aprilia е дел од сосема друга лига кога станува збор за перформансите и спецификациите.

Со тежина од 183 килограми, тој е лесен за управување дури и за пониските возачи. Преносот на моќта е мазен а квачилото е лесно за притискање. Позицијата на возење е спортска но не е екстремна. Тој дури има и контрола на патувањето, индикатори кои сами се гасат и ретровизори.

Исто така има и прилагодливи режими на возење, тракција како и моторно сопирање. Aprilia RS660 е одлична супербајк машина.

Ducati Monster

Ducati Monster

£10,295

937cc V-twin

110bhp @ 9250rpm

166kg (dry)

Кај моделот за 2021, Monster ја отстрани познатата trellis шасија кој се наоѓаше кај сите соголени модели уште откако за прв пат беше преставена во 1993 година.

Едноставно наречен Monster, новата машина го надминува актуелниот 821 модел и има нов изглед, повеќе технологија и алуминиумска предна рамка која е инспирирана од Panigale V4.

Со почетна цена од 11 илјади евра, мотоциклот изгледа како да има по нешто за сите возачи. Тој има 110bhp кои доаѓаат од 937cc V-Twin моторот кој е во согласност со Euro 5, висината на седиштето изнесува 820 милиметри. Исто така достапен е уште еден модел кој има А2 лиценца.

Со тежина од само 166 килограми, за сите нови возачи тој е одличен вовед во италијанските машини но исто така нуди и голема возбуда за поискусните возачи. Оние кои сакаат нешто повеќе можат да се одлучатза 'Plus' моделот кој чини 11500 евра. Со него добивате нов екран напред како и заштита за седиштето.

BMW S1000R

BMW S1000R

£12,055

999cc inline four

165bhp @ 11,000rpm

199kg (kerb)

Новиот S1000R на BMW е полесен и пософистициран. Машината се базира на познатиот S1000RR но има значителни промени. Има за 5 килограми полесен мотор кој е дизајниран за да се искористи максимумот а исто така има и 165bhp при 11,000rpm.

Шасијата исто така се базира на последниот RR и тоа води до намалување на тежината за 6.6 килограми. Сопирачките и суспензијата доаѓаат директно од RR заедно со опцијата за полу активна суспензија. Исто така има и импресивен 6.5 инчен TFT екран. Има големи промени и во однос на надворешниот изглед.

Доколку сакате нешто повеќе тогаш за 15 илјади евра можете да станете сопственик на S1000R Sport кој има подобра електроника и DDC.

Yamaha MT-09 и MT-09 SP

yamaha mt09sp static copy

£tbc

889cc triple

117bhp @ 10,000rpm

189kg (wet)

Yamaha го презеде следниот чекор во целосна промена на најпродаваната MT линија со новите MT-09 и MT-09 SP.  Кај MT-09 капацитетот на моторот е зголемен на 889cc. Тоа ја зголемува моќноста и бројот на вртежи но што е уште поважно тие пристигнуваат за 1500rpm порано. Моторот е сместен во нова рамка и подрамка а исто така има и нов изглед.  Тука се и новите тркала и задна вилушка. Сега имаме и шест оскен IMU кој доаѓа од R1 и кој сосебе ја носи целата нова технологија. Има и нов TFT екран.  Верзијата SP е уште подобра.

Yamaha MT 09

Суспензијата е искачена едно ниво погоре благодарение на 41mm USD Kayaba вилушките. Тие се целосно прилагодливи. Позади имаме Öhlins амортизери кои исто така се прилагодливи.

Доколку ја одберете SP верзијата тогаш добивате контрола на патувањето, премиум седиште, алуминиумска задна вилушка како и уште многу други работи. Дури има и специјална боја инспирирана од R1M.

BMW R1250RT

BMW R1250RT

£15,820

1254cc ShiftCam Boxer twin

136bhp @ 7750rpm

279kg (kerb)

Заборавете на контролата на тракцијата на неколку нивоа. Ако сакате да збориме за вистински додатоци, работи кои ќе направат полесно да стигнете до вашата дестинација, тогаш вам ви е потребен новиот R1250RT на BMW.

Најновиот RT има динамична тракција, 'eco' режим на возење, контрола за стартување на планина, загреани рачки, целосно интегриран ABS Pro како и огромен 10.25 инчи TFT екран. Сето ова доаѓа како стандарден дел кај основниот модел кој чини 16 500 евра. Со вградена навигација, овој модел е прв кој има „sat-nav“ мапи како и можност за планирање на рутите.

RT исто така ја контролира и вашата брзина. Одберете динамична контрола на патувањето и RT користи радар за да го оддржи растојанието од  другите возачи.Ќе ја намали брзината и ако премногу агресивно влезете во некој свиок.

Ducati Multistrada V4

Multistrada V4 01

£15,495

1158cc V4

168bhp @ 10,500rpm

215kg (dry, claimed)

2021 Multistrada V4 е нов мотоцикл кој е полн со врвна технологија. Најголемата промена е направена со смената на 1262cc V-twin моторот и наместо него сега го имаме полесниот и помоќен V4.

Машината се базира на 1103cc единицата која ја има кај Streetfighter и Panigale. Моторот кој го има овој мотоцикл можеби е малку послаб од оригиналниот V4 но затоа пак е пофлексибилен и полесен за употреба.  Но сепак, се уште зборуваме за 92lb.ft of torque при 8750rpm како и 168bhp. Познатите Desmo вентили сега ги нема и се заменети со традиционални вентили.

Multistrada V4 исто така е првата машина која се наоѓа во производство и која е опремена со радарска контрола на патувањето (како додаток по цена од 2100 евра) .

Multistrada V4 исто така доаѓа и како S верзија ( опремена со Skyhook суспензија и Stylema сопирачки и чини 19 000 евра)или пак како опција ја имате и S Sport верзијата која чини 20 500 евра. Таа ги има истите работи како и S моделот плус нова боја, издув од Акраповиќ како и штитник за кал изработен од јаглерод.

Kawasaki Versys 1000S и Kawasaki Versys 1000 SE

21MY Versys 1000 S

£12,999 (£14,899 for the SE)

1043cc inline four

118bhp @ 9000rpm

257kg (kerb)

Kawasaki направија промени кај успешната Versys 1000 линија за сезоната 2021. Основниот Versys 1000 отсекогаш нудел солидни перформанси по достапна цена. Но S верзијата од 2021 година има дополнителни спецификации а со тоа и повисока цена од 13 500 евра.

Разликата во цена ја прави менуваччот, TFT екранот, повисокото ветробранско стакло како и штитниците за раце. Моторот останува истиот, издржлив, 1043cc 16-valve inline four кој има 118bhp. Нема промени ниту кај шасијата.

BMW R1250GS и BMW R1250GSA

BMW GS 40 years

£13,705 (£14,985 GSA)

1254cc flat twin Shiftcam

134bhp @ 7750rpm

268kg (kerb)

BMW го искористија јубилејнот 40-ти роденден на познатата GS фамилија да ги престават технолошки најнапредните модели.

Има голем број на технолошки додатоци кои се нови оваа година но врв се прилагодливите cornering lights. Кај новите GS и GSA предните светла можат да се свртат под агол од 35 степени. Во моментот кога вие вртите со мотоциклот, светлата автоматски се прилагодуваат.

Компанијата ги подобри и безбедносните делови.  И двата модели сега имаат динамична контрола на тракцијата и ABS Pro како стандардни делови а тука е и контролата за старт на планина. Исто така можете да додадете Pro и HSC Pro режими на возење.

Royal Enfield Meteor 350

royal enfield meteor

£3749

349cc single

20bhp @ 6100 rpm

191kg (kerb)

Royal Enfield го преставија новиот Meteor 350 крузер кој има помал капацитет и кој е одличен за возење низ град.

Оваа мала машина моќноста ја добива од новиот 349cc SOHC air and oil cooled single мотор. Изгледот е сличен на 650cc parallel twin Royal Enfield кој беше преставен пред неколку години. Максималната моќност е 20.2bhp при 6100rpm. Тој има пет брзини како и резервоар кој собира 15 литри.

Моторот е сместен во нова шасија за која од компанијата велат дека е полесна и поиздржлива во споредба со претходниот модел. Суспензијата е едноставна но имате шест можности за прилагодување на двојните амортизери на задниот дел. TFT екранот можете да го поврзете со вашиот телефон за да ја гледате насоката по која се движите.

Back To Top