Мотоцикли

Објавени фотографии од новиот модел на Honda Gold Wing 2018

Новата Honda Gold Wing 2018 долго време беше во развој, но неодамна објавеното промотивно видео ни потврди дека новиот мотоцикл ќе биде претставен оваа есен на саемот „EICMA“ во Милано на кој ќе присуствуваме.

Следете нè на:

 

Новата Honda Gold Wing 2018 долго време беше во развој, но неодамна објавеното промотивно видео ни потврди дека новиот мотоцикл ќе биде претставен оваа есен на саемот „EICMA“ во Милано на кој ќе присуствуваме.

Но и пред Honda и официјално да ни го претстави мотоциклот, на интернет веќе се појавија фотографии од него, комплетно претставувајќи ни го секој негов дел како и замената за неговата сестринска верзија, F6B.

Goldwing bagger 03

Иако препознатлив како „Wing“, новиот мотоцикл радикално отстапува од веќе постоечкиот модел. Прво нешто што остава впечаток е дека новиот мотоцикл е значително полесен од актуелната верзија. Со отстранувањето на некои додатоци, мотоциклот доби многу поостар изглед кој најверојатно ќе и се допадне на помладата и технолошки фокусирана популација.

Goldwing bagger 06

Ако погледнете под неговиот оклоп, не можете а да не забележите дека тој нема класична вилушка. Веќе знаевме дека новиот мотоцикл планира да ја отстрани класичната вилушка и да ја замени со нова наречена „hub-centre steered“ - но бидејќи Honda патентираше неколку верзии се до овој момент не знаевме која опција ќе ја одберат.

Goldwing bagger 05

Но сликите јасно покажуваат дека победник е почистиот дизајн кој изгледа како голема велосипедска вилушка која е поврзана со главниот дел на тркалото.

Goldwing bagger 04

Иако ова е далеку од технологијата на „Tesla“, сепак претставува значителен чекор напред. Покрај тоа што ги оддржува аналогните опции за брзина и број на вртежи, исто така има и три помали LCD екрани на кои се прикажани основните информации. Овој мотоцикл исто така има и можност да се запали без да се употребува клуч, греачи на седиштата и рачките, контрола на патувањето, а големиот TFT екран поддржува сателитска навигација.

Goldwing bagger 07

Од сликите можеме да видиме и дека новиот „Gold Wing“ ќе може да го има и DCT менувачот на Honda. Иако на неколку слики може да се забележи кумплугот, на дел од сликите сепак го нема.

Повеќе детали за новите модели како и нивната цена очекуваме да бидат соопштени на мото шоуто во Милано кое ќе се оддржи на почетокот на ноември.

Goldwing bagger 01

Најважни работи

-Два нови модели на „Gold Wing“

-Комплетно нова шасија и суспензија

-Електронска суспензија

-DTC менувач

Би можело да ве интересира

Со оглед на тоа дека веќе е во тек првиот MotoGP тест за сезоната 2019, денеска на патеката во Валенсија видовме неколку возачи кои за прв пат ги носеа боите на своите нови тимови. Прв на листата беше новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо.

„Многу често победите на трките на издржливост, без разлика дали станува збор за превозни средства на две или на четири тркала, се постигнуваат во гаражите. Поради ова, прецизно извршената замена можеби е најважниот елемент од една трка.“

Маверик Вињалес постигна најдобро време на тестот кој се оддржа веднаш по трката во Валенсија. Возачот на Yamaha кој настапи со новиот модел М1, беше за речиси половина секунда побрз од актуелниот шампион Марк Маркез. Успешен ден имаше и вториот возач на тимот, Валентино Роси кој заврши на третата позиција. Актуелниот Moto2 Светски Шампион, Пеко Бањаиа беше најдобар помеѓу дебитантите и заврши на единаесетата позиција наспатувајќи со Pramac Ducati.

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.