Мотоцикли

Нови бои и цена за моделите од линијата 2019 Honda Africa Twin

AT се враќа со два нови модели, повисока цена и нова боја.

Следете нè на:

 

Honda Africa Twin оваа година ни пристигнува со два нови модели од нејзината линија, стандардниот Africa Twin CRF1000L и Africa Twin ‘Adventure Sports’ CRF1000L2.  Авантуристичко-Спортскиот модел беше претставен минатата година и донесе неколку подобрувања кај стандардниот Africa Twin. Покрај ова, и стандардниот Africa Twin има неколку промени.

Иако не се најавени никакви механички промени за 2019 година, Honda претстави две нови бои. Стандардниот Africa Twin сега ни доаѓа во темно сина-бела-црвена комбинација или пак во црна боја. И двете верзии имаат бандаши кои имаат златна боја. Кај Adventure Sports моделите пак имате само една светло –металик, сива комбинација. Овој модел исто така има и бела рамка како и бандаши во златна боја.

Honda Africa Twin Adventure Txt 1 06 02

2019 Africa Twin и Africa Twin Adventure Sports делат иста полу-челична рамка која обезбедува одлични оф роуд перформанси. Кај секој од моделите растојанието меѓу тркалата изнесува 155 сантиметри. Adventure Sports верзијата има тежина од 241 килограм додега пак стандардниот модел е тежок 229 килограми. Adventure Sports моделот има 45mm Showa cartridge-type inverted вилушка која нуди одлични перформанси при подолги релации.

Целата Africa Twin платформа користи „Throttle By Wire (TBW) “ систем кој има четири режими на возење како и „Honda Selectable Torque Control “ систем. Користењето на TBW нуди широк спектар на опции за подобро управување со моторот како и тракцијата на задното тркало. Системот има седум нивоа. Првото ниво помага при агресивно оф роуд возење со „ block-pattern “ пневматици додека пак седмото ниво дава максимална безбедност при возење на влажна и лизгава површина. Доколку сакате можете да го исклучите системот а покрај тоа имате и три нивоа на моќност и моторно сопирање.

Honda Africa Twin Adventure Txt 2 06 02

Honda Africa Twin Adventure Txt 3 06 02

За подолго оф роуд возење, седиштето кај Adventure Sports е порамно во споредба со стандардната верзија и е повисоко за 3 сантиметри. За да се израмни положбата и рачките за возење се кренати за 3 сантиметри.Исто така, тие се наместени поблиску до вас за да имате исправена положба додека возите.

Honda Africa Twin Adventure Txt 4 06 02

Искрени на нивното оф роуд наследство, моделите на Africa Twin имаат предни и задни тркала со големина од 53 односно 45 сантиметар.На нив можете да ставите пневматици со димензии од 90/90-21 и 150/70-18.

Цената за сите 2019 Honda Africa Twin модели е зголемена за 100 долари за стандардната трансмисија и 200 долари за DCT верзиите. Очекувајте ги во продавниците да пристигнат во ноември.

Би можело да ве интересира

„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

Се повеќе и повеќе земји ширум светот сакаат да станат дел од MotoGP.

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Мојата главна цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati.

Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

„Имавме поинаков проблем во споредба со вчера“ – лошиот старт на сезоната за Хорхе Лоренцо продолжи и на патеката во Тексас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.