Мотоцикли

2019 Honda Fury

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Следете нè на:

 

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

На прв поглед, новата Honda Fury изгледа навистина импресивно. Растојанието меѓу оските изнесува 1.8 метри и тежи околу 300 килограми. Висината на седиштето е 68 сантиметри и ви дава подобра стабилност доколку возите по нерамен пат. Високите рачки како и подобрената челична рамка и даваат на Honda Fury атлетски изглед. Издувот е специјално дизајниран за да обезбеди помоќен звук. А за да се вклопат во целокупниот дизајн, стилизирањето на амортизерите е сведено на минимум.

Honda Fury Txt 1 15 02

Часовникот, мерачот за брзина, индикаторот за светла како и копчето за долги светла се сместени на крајот на рачките. Новата Honda Fury е долга 2.5 метри, 0.8 метри широка и 1.1 метар висока.Има Dunlop90/90 R21 предна гума и 200/50 R18 задна гума. Во однос на бојата, ќе биде достапен во „Pearl Hawkseye Blue“.

За оние кои сакаат нешто дополнително, има многу опции кои можете да ги инсталирате на вашиот мотоцикл. Меѓу нив се заштитата на кумплугот, LED Accent светла, рачно изработено седиште за сопатникот и уште многу друго. Исто така имате и дополнителен план за поголема безбедност.

Димензии:

– Rake – 32º (Caster Angle)

– Length – 100.6 in.

– Width – 35.4 in.

– Height – 45.3 in.

– Wheelbase – 71.0 in.

– Seat Height – 26.9 in.

– Ground Clearance – 4.9 in.

– Trail – 92mm / 3.6 in.

– Curb Weight 681 lbs (ABS)./ 666 lbs.

– Front Brake: Single 336 mm disc with the twin-piston caliper, / Rear Brake: Single 296 mm disc with single-piston caliper.

Honda Fury Txt 3 15 02

Мотор

Прекрасниот крузер има 1312cc V-twin мотор со течно ладење.Компресијата изнесува 9.2:1. Моторот има пет брзини а трансмисијата е мануелна. Предните и задни сопирачки имаат хидраулични дискови. Со телескопската вилушка напред како и двојната позади, новата Honda Fury има прекрасно возење дури и по нерамни патишта. Резервоарот за гориво собира 12.8 литри.

View the embedded image gallery online at:
https://motori.com.mk/motocikli/2019-honda-fury#sigProId0b335ea36b

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Тимот на КТМ го претстави новиот мотор со кој ќе се натпреварува во МотоГП шампионатот.

BMW Motorrad патентира нова технологија и планира да вгради „crumple zone “ кај мотоциклите со цел да се зголеми безбедноста на возачите.

Веднаш откако беше соопштено дека се откажува Формула 1 трката во Кина, многумина се загрижија дека би можело истото да се и се случи и на MotoGP трката во Тајланд.

Интервју со првиот човек на Dorna.

Со цена од 100 000 евра, LM 410 е најновата креација на екстремни машини кои ни доаѓаат од Лазарет.

После промените кои ги направија во текот на зимата, Алеш Еспаргаро вели дека Aprilia сега работи како голема екипа.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.