Следната недела на пазарот ќе се појави Honda Africa Twin.

Овој период следната недела на пазарот ќе се појави Honda Africa Twin. Ако ги следите информациите поврзани со овој мотоцикл, тогаш не треба да бидете премногу изненадени.

Веќе некое време знаеме дека Honda Africa Twin ќе биде во согласност со Euro5 правилата и дека ќе има околу 1,100cc.

На интернет веќе се појавија слики од мотоциклот како и подетални информации а сега Honda Motor Europe и официјално ни потврди дека мотоциклот во продажба ќе се најде на 23-ти септември.

Меѓу промените кај мотоциклот се поголемиот капацитет (вкупно 1,084cc). Најверојатно новиот Africa Twin исто така ќе има и 101hp, што преставува подобрување во споредба со моменталните 94hp.

2020 honda africa twin crf1100l leak 02

Мотоциклот ќе биде достапен во две верзии а Honda Africa Twin Adventure Sports моделот, кој ќе биде оф роуд верзија, ќе има поинакви пневматици, заштита од удари како и уште неколку други додатоци.

Промени има и кај резервоарот за гориво а Adventure Sports верзијата ќе има простор за 24 литри. Можеме да очекуваме стандарден менувач како и двојна трансмисија да имаат и двата модели CRF1100L и CRF1000L.

Меѓу другите промени се и дневните светла како и TFT екранот а авантуристичката верзија ќе има и променета подрамка.

За време на одржувањето на 2019 AIMExpro кое е закажано за следната недела најавено е преставување и на уште еден модел кој досега не се појавил на пазарот во САД.

Останете со www.motori.com.mk за повеќе информации.

Back To Top