Првите луѓе на Kawasaki се подготвуваат за сезоната 2020.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=4u8Q6sr4h3Y

Првите луѓе на Kawasaki се подготвуваат за сезоната 2020 и се чини дека работат на нешто навистина интересно. На интернет веќе се појави видео од новиот „supercharged“ мотоцикл.

Засега нема премногу детали а само знаеме дека тој ќе припаѓа на фамилијата “Z” која се состои од спортски мотоцикли. Дали би можеле наскоро да видиме „supercharged“ на Z1000? Искрено се надеваме.

Не е никаква тајна дека Kawasaki вложи многу во развојот на оваа програма а веќе дебитираа Ninja H2, Ninja H2R и Ninja H2 SX.

Уште една можност која се најавува е тоа дека Kawasaki би се дистанцирал од големиот број на коњски сили кои во моментов ги има кај „supercharged“ мотоциклите и наместо тоа ќе се фокусира на помалите мотори. Можеби supercharged 500cc?

Во моментов ова е само шпекулација. Kawasaki со овој мотоцикл изненади многумина кои се дел од мото индустријата. Очекувајте негово деби на EICMA шоуто во Милано кон крајот на оваа година.

Back To Top