Мотоцикли

Наскоро на пазарот ќе се појави Ducati Streetfighter V2

Извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали, откри дека компанијата планира да произведе верзија на Streetfighter V4 која ќе има помал капацитет.

Следете нè на:

 

Извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали, откри дека компанијата планира да произведе верзија на Streetfighter V4 која ќе има помал капацитет.

Во ексклузивно интервју за MCN, извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали, откри дека компанијата планира да произведе верзија на Streetfighter V4 која ќе има помал капацитет.

На прашањето дали новиот 205bhp V4 „нејкед“ модел, би можел да го промени мислењето на возачите поради неговите екстремни перформанси, Доменикали изјави: „Сега го имаме Panigale V2 кој има 155bhp и со кој можете да уживате во спортското возење. Би сакале да имаме нејкед модели и во другите категории.“

„Streetfighter V4 ќе остане на врвот а исто така има и други мотоцикли со кои ќе го имате истото чувство но кои немаат толку екстремни перформанси. Размислуваме за многу интересен нов модел кој наскоро ќе се појави на пазарот.“

Panigale V2 го замени 959 и стана главна машина на Ducati во средна категорија. Тој исто така го импресионираше и шефот на тест тимот на MCN, Мајкл Невес. „Ниту еден спортски мотоцикл не нуди ваква комбинација на моќ и управување.“

Streetfighter V2 txt 1 16 12 copy

Со оглед на тоа дека Streetfighter V4 е всушност Panigale V4 само без надворешни додатоци, можеме да очекуваме сличен изглед да има и Streetfighter V2. Исто така очекуваме мотоциклот да ги задржи спортските спецификации.

Тоа би значело дека машината ќе го има истиот 155bhp, 955cc V-twin мотор со течно ладење, целосно прилагодлива Showa вилушка, Sachs амортизери како и Brembo сопирачки.

Тежината исто така се очекува да биде слична со онаа која ја има Panigale V2, околу 200 килограми. Тој сепак е за 10 килограми полесен од новиот 124bhp Kawasaki Z900 и за 12 килограми полесен од 143bhp Honda CB1000R.

Streetfighter V2 txt 2 16 12

Мотоцикл со помал капацитет не би имал потреба од четири аеродинамични крилца, нешто што можеме да го најдеме кај V4. Затоа можеме да очекуваме да има промена и во однос на изгледот на предниот дел на машината.

Поради сите овие работи, со нетрпение очекуваме да се појави новиот Streetfighter V2. И покрај сличностите на спецификациите кај Streetfighter и Panigale V4, нејкед верзијата е за 5000 долари поефтина. Доколку ја спроведерме истата логика и кај овој мотоцикл, тогаш доаѓаме до цена од 14 400 евра.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Откако се појави скица од новиот дизајн, јасно можеме да видиме како би изгледал новиот мотоцикл.

Андреа Довициозо одби да потврди дали ќе остане во Ducati и по завршувањето на сезоната 2020 откако се појавија гласини дека во текот на зимската пауза, тимот имал разговори со неколку возачи.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

„Ако продолжиме да работиме напорно исто како и во изминативе 16 месеци, ќе имаме добра сезона“ - Џек Милер.

HRC тимот денеска објави дека Маркез ставил потпис на нов договор со кој шпанскиот возач останува во тимот до 2024 година.

Тимот на КТМ го претстави новиот мотор со кој ќе се натпреварува во МотоГП шампионатот.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.