Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата.

Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата а пред само неколку дена ние зборувавме за гласините кои се појавија дека Harley-Davidson на пазарот во Азија планира да престави машини со помала моќност.

Денеска можеме да ја потврдиме таа информација откако стана јасно дека Американската компанија склучила договор за соработка со Qianjiang Motorcycle Company за да се креираат мотоцикли со помала моќност наменети за пазарот во Кина и во останатиот дел до Азија.

Машината ќе има 338cc и прво ќе биде преставена во Кина а потоа ќе се појави и на останатите пазари ширум Азија.

Harley Davidson XR250 concept 02 txt 20 06

Harley-Davidson беа доволно добри и објавија како ќе изгледа мотоциклот а според она што можеме да го видиме , тој многу наликува на концептот XR250 за кој зборувавме пред неколку недели.

Сигурно името на кинеската компанија која ќе биде дел до проектот ви звучи познато. Тие се истата фирма која е одговорна за Benelli Motorcycle брендот кој е во залет во последните неколку години. Harley-Davidson пронајде силен и добар партнер во Qianjiang.

„Навистина сме возбудени поради можноста да произведеме мотоцикли на Harley-Davidson во Кина, држава која е една од најголемите пазари на мотоцикли во светот.“

Од Harley-Davidson се надеваат дека Кина ќе биде главна движечка сила која ќе влијае на зголемување на меѓународната продажба. Американската компанија планира да ја зголеми продажбата во странство за 50 проценти до 2027 година. А со оглед на тоа како се движи продажбата на мотоцикли од овој бренд во САД, се чини дека компанијата лесно ќе ја исполни целта.

Она што е интересно во целата оваа приказна е тоа дека воопшто не е спомнато дали XR388 ќе се најде на пазарите во Европа и САД. Компанијата или планира целата оваа линија да се посвети на пазарот во Азија или пак се уште не се докрај разработени плановите за преселба на овој мотоцикл во САД.

Во моментов, Кина е клучен пазар за секоја компанија која се занимава со продажба на мотоцикли а Harley-Davidson со овој договор одлично се позиционираа на пазарот.

Back To Top