Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Сето ова е направено со цел мотоциклот да добие поагресивен изглед. Моделот исто така има и гумен оклоп кај вилушката, преден штитник за кал како и светло кое сега има пониска позиција.

V9 bobber 2

Bobber Sport исто така има и прилагодливи Öhlins амортизери кои сега обезбедуваат подобро возење и безбедност во споредба со стандардниот V9 Bobber.

Моделите Bobber во моментов се многу популарни. Верзијата Triumph Bobber за Британската компанија беше мотоциклот кој најбрзо се продава, а V9 Bobber Sport се чини дека ќе ја подобри положбата на Moto Guzzi во овој сектор.

Во моментов не е познато која ќе биде неговата цена ниту пак кога ќе биде достапен на пазарот, повеќе информации очекувајте по саемот за мотоцикли ЕИЦМА во Милано.

V9 bobber 3

Back To Top