Kawasaki претстави две нови комбинации на бои и дизајн за моделот Vulcan S. 

2022 kawasaki vulcan s cafe right side front angle view

Се додека моторот изгледа убаво и ти го прави меракот за возење воопшто не е важно за каков мотор станува збор. Ова ќе ви го каже кој било возач, но ако моторот е исто така по мера и има убави бои и дизајн тогаш на задоволството му нема крај. 

Ова многу добро го знаат Kawasaki кои ја освежија линијата на својот Vulcan S. Станува збор за истиот 649cc, паралелен двоцилндарски крузер кој е совршен и за почетниците но и за поискусните возачи. Во новата линија нема други промени освен две нови варијанити на бои и дизајни. 

Едната комбинација ја наречена Pearl Robotic White која изгледа остро од секој можен агол. Сега засега највата е дека ќе е достана во Америка, без конкретна најава за достапност во останиот дел од светот. А доколку сакате малку поразличен пристап тогаш на располагање Kawasaki ја нуди Café варијантата која има за нијанса похрабра комбинација од три бои, портокалова, црна и бела. Секако тука е и поголемото и позабележливо Vulcan S лого кое гордо стои на самиот резорвоар за гориво. 

Сепак подобро е да ја погледнете галеријата и да одлучите само која верзија вас ви е поубава. 

 

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.