Мотоцикли

Kawasaki Z H2 ќе биде дел од мото шоуто во Токио

2020 Kawasaki Z H2, Supercharged моделот на Јапонската компанија ќе биде преставен на 23-ти октомври.

Следете нè на:

 

2020 Kawasaki Z H2, Supercharged моделот на Јапонската компанија ќе биде преставен на 23-ти октомври.

После неколку недели најава, Kawasaki конечно објави кој „Supercharged“ модел ќе има премиера на мото шоуто во Токио. Станува збор за Kawasaki Z H2.

Компанијата веќе подолг период најавува дека наскоро дел од фамилијата ќе стане уште еден мотоцикл од линијата Z. Во игра беа неколку опции.

Минатата недела листата беше скратена кога во јавноста се појави ново видео кое откри повеќе детали. Можевме да видиме повеќе работи кои се слични со оние кои ги има кај моделите од H2 линијата.

Сега Kawasaki и официјално го објави името и на која дата ќе биде преставен мотоциклот, 23-ти октомври. Датумот се совпаѓа со стартот на мото шоуто во Токио.

„23-ти октомври ќе биде историски ден за Kawasaki Z фамилијата“, се наведува во соопштението на компанијата.

Што можеме да очекуваме од Kawasaki Z H2?

Типично за компанијата, освен промотивното видео, во моментов немаме премногу информации. Засега единствено се знае дека Z1000 ќе биде лидер на компанијата во „Supernaked“ линијата со неговите 142 коњски сили.

Она што веднаш може да се забележи е агресивниот изглед кој Kawasaki постепено го применува кај речиси сите модели кои се дел од оваа линија. Сепак, најверојатно тој има малку подобри перформанси во согласност со H2 стилот.

Иако додека не ги видиме официјалните податоци нема да можеме да потврдиме, но најверојатно, Kawasaki Z H2 ќе биде главен конкурент на Ducati Streetfighter V4. Тој ќе биде преставен истиот ден за време на светската премиера на Ducati.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Ви ги претставуваме најновите и најдобрите нејкед мотоцикли кои беа дел од EICMA.

Ви ги претставуваме најновите туринг мотоцикли кои се појавија на најважното мото шоу на планетата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.