По принциот помалку е повеќе Kawasaki одлучи да понуди поевтина базична варијанта на својот Versys 1000 модел кој ќе се доближи до поширок круг потенцијални купувачи. 

Versys 1000 2022

Kawasaki Versys важи за еден од оние модели кои не креваат многу прашина, си ја вршат работата и ретко кога оставаат незадоволен возач зад себе. До скоро не важеше ни за технички многу напреден нити пак за накитен, но последното негово издание на изненадување на многумина беше нешто поразлично. Токму во сегментот на електроника и опрема. Актуелната верзија има корнеринг ABS, контрола на пролизгување и тоа во две понудени варијанти S и SE како стандарна опрема. 

За 2022 компанијата се одлучи да се врати на пооснвна варијанта која ќе ги нема сите тие скапи додатоци од S и SE моделите. Ова значи дека и цената во споредба со конкуренцијата ќе му биде пониска и со тоа ќе го стави во предност кај сите оние кои бараат солиден спорт турер а не сакаат да плаќаат многу за електориника.  

Сепак, во 2022 година Versus 1000 ќе го задржи корнеринг ABS-от, контроалта на пролизгување и LED светлката но ќе нема опции за двонасочен квикшифтер, греачи на рачки, штитници за раце и повисок визир. Сето ова ја симнува цена и до 4.700 евра што воопшто не е малку. 

Во срцето на моделот и понатаму останува 1043cc линискиот четирицилндарец со водено ладење кој испорачува 120 коњнски сили и 75 fr-lgs моќност, истиот мотор од Ninja 1000 SX. Највата е дека овој модел ќе биде достапен кај дилерите низ Европа на почетокот на следната година односно во февруари 2022. 

Back To Top