Да, добро прочита Kawasaki официјлано најави хибриден мотор кој, се разбира, комбинира електрична енергија и стандарден мотор со внатрешно согорување. 

kawasaki electric hybrid

Повеќе од една година Kawаsaki наговестуваат дека подготвуваат нешто вакво, но ништо до сега не беше официјално потврдено. Компанијата најави дека секој мотор кој тие ќе го продаваат на развиените пазари до 2035 година ќе биде или електричен или хибриден. Ова во некоја мера се преклопува со легислатвита која периодов ја наметнува ЕУ. 

На краток рок компанијата најави дека ќе има 10 електрични мотори со батерија во своите салони до крајот на 2025 година, што и не е така далеку од денес. Ветувањата не запираат тука, Kawasaki и нивните планови некако делуваат многу храбро па така велат дека до 2025 годнина годишно ќе лансираат во просек по 16 нови модели и до тогаш ќе имаат 15 нови офроуд модели кои ќе вклучуваат електрични и хибридни машини. 

kawasaki electric hybrid 2

Батеријата која ја највија дека ќе ја користат во хибридните модели е прилично мала со капацит од 48V, но ако се земе предвид дека таа нема да има задача да помине долг пат туку да заштеди гориво и издувни гасови во градското возење тогаш ова е сосема доволно, а доволно добра ќе е и за да му даде екстра моќ на бензинскиот мотор кога ќе му затреба.  

Kawasaki исто така вели дека овие модели ќе имаат полу автоматски менувач кој се активира на копче со цел да го олесни префрлањето од една на друг мотор и полесно да ја котролира потрошувачкат ана гориво и енергија.

Back To Top