За сезоната 2021, Kawasaki додава една интересена машина во својата линија на мотоцикли.
За сезоната 2021, Kawasaki додава една интересена машина во својата линија на мотоцикли, супермото модел. Базиран на новиот KLX300 dual-sport, верзијата 2021 Kawasaki KLX300SM е наменета за возење по улица.
Со оглед на тоа дека оваа верзија е поефтина, Kawasaki KLX300SM користи 292cc едно цилиндтричен мотор кој има течно ладење. Димензиите се 78mm x 61.2mm а соодносот на компресијата е 11.1:1.
Машината има 17 инчни тркала и супермото, долга, суспензија. За полесна употреба има електричен стартер.
Севкупно гледано, Kawasaki KLX300SM е добра промена од досегашните вакви модели кои имаат помал капацитет. Ќе биде интересно да се види каква ќе биде тракцијата.
Оваа категорија често е занемарена во мото индустријата и навистина сме среќни кога ќе се појави ваков мотоцикли, а особено кога тој може да се вози по улица.
Препорачаната цена од производителот за овој модел изнесува 6500 евра и со тоа 2021 Kawasaki KLX300SM се наоѓа под Suzuki DR-Z400SM. Но дали ќе успее да го постигне истиот култен статус? Само времето ќе покаже.