Ducati направи промени кај Panigale V4 линијата на мотоцикли за сезоната 2021, вклучувајќи нов, тркачки, SP модел.

Ducati направи промени кај Panigale V4 линијата на мотоцикли за сезоната 2021, вклучувајќи нов, тркачки, SP модел. Овој мотоцикл доаѓа со голем број на подобруања кои ја прават машината уште подобра на тркачката патека. Има и нова боја која е инспирирана од тркачкиот тим на Ducati.

Ducati Panigale V4SP има „matte“  црна боја искомбинирана со светло црвени делови. Од компанијата велат дека оваа машина е наменета за тркачката патека и доаѓа опремена со додатоци како што се Ducati Data Analyzer, GPS module и целосно прилагодливи алуминиумски Rizoma држачи за нозете.

2021 PANIGALE V4 S

SP користи подобрен Brembo Stylema R кој е споен со главниот цилиндар. Сега возачот може да го промени секој аспект од чувството на сопирање само со притискање на рачката. Ова обезбедува подобри перформанси на тркачката патека.

Сите мотоцикли кои се дел од Panigale V4 линијата добија промени кај електрониката која сега го дели режимот Race на два дела: Race A и Race B. Исто така целата фамилија мотоцикли е во согласност со Euro5 стандардот.

ducati panigale v4 sp side

Panigale V4 и V4 S ќе бидат достапни од Декември додека пак Panigale V4SP ќе можете да го најдете во продавниците во Март следната година. Во моментов се уште не е позната нивната цена.

Back To Top