Семејството Ninja ZX-10R, кое досега донесе седум титули во World Superbike шампионатот, влегува во сезоната 2027 со потврдени перформанси и аеродинамични подобрувања. Кавасаки продолжува со својот препознатлив пристап кон суперспортската класа, нудејќи ги моделите Ninja ZX-10R и ексклузивната Ninja ZX-10RR.
Клучниот новитет кај новата генерација остануваат аеродинамичните крилца на предната маска, кои генерираат дополнителна потисна сила при големи брзини. Овој дизајн, во комбинација со прецизно подесената геометрија на шасијата, овозможува подобра контрола во свиоци и поголема стабилност на патеката.
Технички перформанси и компоненти
Двата модели се опремени со напредна суспензија развиена преку искуствата во WorldSBK, вклучувајќи ја предната вилушка BFF (Balance Free Front Fork) и задниот амортизер BFRC lite. Системот за сопирање се потпира на двојни Brembo M50 моноблок клешти со дискови од ø330 mm и специјално подготвен радијален главен цилиндар. Кај моделот ZX-10RR, дополнително се вградени челични плетени предни кочни црева за уште подобра прецизност.
Агрегатот на Ninja ZX-10R е дизајниран за линеарна испорака на моќност, обезбедувајќи предвидлив одзив како на патека, така и при секојдневно возење. Возачите имаат на располагање сеопфатен пакет на електронски системи, вклучувајќи контрола на свиоци (KCMF), систем за контрола на тракција (S-KTRC), контрола на стартување (KLCM), интелигентен ABS (KIBS), електронска контрола на сопирањето на моторот (KEBC), како и брз менувач (KQS) и темпомат. Преку апликацијата „Rideology The App“, корисниците можат безжично да пристапат до информации за мотоциклот, дневник на возење и навигација.
Ексклузивната Ninja ZX-10RR
За најпребирливите ентузијасти, Кавасаки ја нуди Ninja ZX-10RR во ограничена серија од само 500 примероци ширум светот. Овој модел со едно седиште е дополнително оптимизиран за тркачки услови со вградување на Pankl титаниумски клипни, лесни клипови и титаниумска облога на внатрешните цевки на предната вилушка. Задната суспензија е исто така фино подесена за максимални перформанси на патеката.
Моделот Ninja ZX-10R за 2027 година ќе биде достапен во две бои: Metallic Flat Spark Black / Metallic Spark Black и Lime Green / Blue 24, додека Ninja ZX-10RR доаѓа во карактеристичната Lime Green боја, a еден веќе е во Македонија!



Коментари