Мотоцикли

Kawasaki ја претстави новата Ninja ZX-10R 2016

На денешната презентација во Барселона, седиштето на Кавасаки Рејсинг тимот, беше претставена новата Ninja ZX-10R за 2016 година.

Следете нè на:

 

ninja zx 10r 2016Kawasaki Ninja ZX-10R 2016

На денешната презентација во Барселона, седиштето на Кавасаки Рејсинг тимот, беше претставена новата Ninja ZX-10R за 2016 година.

Преку кампањата „Get Closer“ актуелниот Светски шампион и шампионски тим во Супербајк шампионатот во изминатиот период ја промовираа новата Нинџа. Според зборовите на Џонатан Реа и Том Сајкс, новиот модел е моторот кој всушност доминира на патеките во овие години, а сега ќе имате прилика да го возите по јавните патиште.

Иновациите кои се вметнати во шасијата, агрегатот и електрониката ја прават новата Нинџа идеален мотор за на стазите, како и она што го посакува секој возач на улица.

Визуелно промените се забележителни кај поголемиот простор за воздух во предниот дел, издолжената задница, како и суптилни промени на останатите пластики, а она што е по забележително се кочниците Brembo M50 како и предницата Showa карактеритична за Супербајк верзијата на Кавасаки.

Фабриката при развојот на новиот модел била во постојана комуникација со KRT (Kawasaki Racing Team), благодарение на соработката новата Нинџа доаѓа со Bosch IMU (Inertial Measurement Unit) како дел од вградената електроника која нуди контрола на тракција, опции за моќноста на агрегатот како и прецизна распределба на кочењето. 

Радилицата на новиот модел има за 20% помалку триење од претходниот модел, а намалувањето на тежината преку повеќе делови го прави литражниот модел на Кавасаки нај моќен на пазарот, притоа грижејќи се за околината со Euro 4 стандардот за емисија на гасови.

Од увозникот на Кавасаки за Македонија, Динамикс, не информираа дека сеуште не е позната цената бидејќи се работи за светско деби на новата Нинџа, па ќе треба да почекаме до почетокот на 2016 година за кога е планирана продажбата на новиот модел.

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.