Водени од успехот во Супербајк шампионатот, Кавасаки најави нов модел на легендарната Ninja ZX-10R за 2016 година.

NINJA ZX 10R 2016

Водени од успехот во Супербајк шампионатот, Кавасаки најави нов модел на легендарната Ninja ZX-10R за 2016 година.

Шампионската титула на Том Сајкс во Супербајк во 2013 година, како и успехот на Џонатан Реа оваа сезона го натера Јапонскиот производител да примени дел од технологијата која се користи на патеките да ја направи достапна и за „обичните“ возачи. Новата „илјадарка“ ќе доживее многу промени, иако навидум има само мали промени во оклопите.

Според Кавасаки, новата Нинџа ќе добие комплетно нова суспензија, како и систем за кочење на кој ќе позавидат останатите производители. За агрегатот ќе мора да почекаме до октомври за кога е закажана официјалната презентација на новиот модел, но се шпекулира дека повторно ќе има бројка за гордеење на зелената машина во однос на коњските сили.

Дизајнерите потврдија дека не се работи за комплетно нов дизајн и модел, бидејќи пред се постоечката Нинџа е одлична основа за подобрување на перформансите. Фокусот на новиот модел е управливоста и перформансите, а според она што е познато ZX-10R 2016 ќе има подобрување на шасијата, агрегатот и електрониката.

Том Сајкс и Џонатан Реа веќе имаа прилика да го провозат новиот модел, според нивните зборови ова е нај конкурентниот Ninja ZX-10R до сега, мотор кој ќе можете да го возите по улица, но и веднаш да го однесете на тркачката патека.

Back To Top