Мотоцикли

Intermot: Нова боја за Energica, Aprilia, Yamaha и уште неколку други модели

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Следете нè на:

 

Aprilia RSV4 RR

aprilia rsv4 rr

2019 Aprilia RSV4 RR сега доаѓа во „Rivazza“ сива и „Arrabbiata“ црна боја заедно со црвени тркала. Верзијата RF пак има само мала промена на „Superpole“ графиката. Помалку чудно е тоа што RSV4 ќе користи механичка Öhlins суспензија, а сите нејзини конкуренти користат електронска.

 

Yamaha MT range

yamaha mt 10

Yamaha претставија нова верзија на нивната MT линија која сега ќе има „Fluo“ боја. Досегашната жолто-сива боја е заменета со црвено-сива. Наречена „Ice Fluo“ нејзини главни карактеристики се црвените тркала, црниот оклоп за моторот а рамката, вилушките и предните сини–сиви светла.

 

Yamaha XSR900 и XSR700

yamaha xsr700

И моделите XSR900 and XSR700 на Yamaha добија нова боја за сезоната 2019. Потпирајќи се на тркачката историја на компанијата, „Garage Metal“ шарата ќе биде достапна од Март.

 

Ducati Xdiavel

xdiavel

Новата боја и ретро седиште на Ducati Xdiavel делуваат навистина природно, а ова сигурно е еден од нивните најдобри модели. Бојата која ја има овој мотоцикл се нарекува „Matt Liquid Concrete Grey“ и дава убав контраст на темното седиште.

 

Energica Ego

ego sport black

Со оглед на тоа дека Energica ќе биде единствениот производител кој ќе биде дел од новиот MotoE Светски шампионат кој ќе започне следната година, не не изненадува одлуката на компанијата да претстави нова, тркачка боја која ќе одговара на мотоциклите. Ego Sport Black дизајнот содржи одличен контраст помеѓу темната, црна боја и црвената рамка. Покрај новата боја, мотоциклите на Energica имаат и за 50 проценти побрзо време на полнење, контрола на тракцијата и круз контрола.

 

Honda Africa Twin

africa twin paint

Оваа есен Honda ќе ги претстави ревидираните бои како и целосно новиот „Silver Metallic“ дизајн за нејзиниот модел Africa Twin. Црниот мотоцикл ќе добие златни бандажи. Сите вакви модели ќе имаат и црно Africa Twin лого.

Би можело да ве интересира

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.