Мотоцикли

Indian Motorcycle престави нова генерација на моделот Chief

Точно 100 години откако за прв пат се појави, Indian Motorcycle престави целосно нова верзија на моделот Chief.

Следете нè на:

 

Точно 100 години откако за прв пат се појави, Indian Motorcycle престави целосно нова верзија на моделот Chief.

Веќе ги нема деновите на кожни додатоци и специфични браници и сега тие се заменети со класичен „American bobber“ изглед. И за прв пат имаме три модели: Chief, Chief Bobber и Super Chief, секој со свој специфичен изглед но и заедничка основа.

Во срцето на секој модел се наоѓа 116ci (1890cc) Thunder Stroke моторот кој има 126lb.ft of torque при само 3000rpm. Indian, како и секој друг американски производител на мотоцикли, не ја објавува моќноста на нивните големи машини со воздушно ладење, но можеме да очекуваме таа бројка да се движи некаде околу 90bhp. Тоа можеби не звучи како многу во денешно време но е сосема доволно во однос на конкуренцијата.

Моторот кај секоја машина е сместен во класична, twin-downtube, челична рамка заедно со cast lugs и bobbed rear fender. Исто како и машините од четириесетите и педесетите години од минатиот век.

Она што е уште поимпресивно од изгледот е тоа колку е само чист овој мотоцикл. Нема непотребни делови или пак кабли кои висат на сите страни. Нема пластични кутии ниту дел за маслото под вилушките.

chiefbobberdarkhorse

„Изгледот беше клучен за нас уште од самиот старт“, вели Ола Стенегард, директор за индустриски дизајн во Indian. „Нашата цел не беше да креираме совршен мотоцикл туку совршен канвас. “

И покрај олд скул изгледот, секој модел е опремен со модерна технологија. Машините се опремени со ride-by-wire гас која има три режими на возење, LED светла, ABS, старт без клуч, контрола на патувањето. Сите овие делови доаѓаат како стандарден дел. Но она што најмногу се издвојува е 4 инчниот TFT екран. На него можете да видите информации за мотоциклот (температура, притисок,), turn-by-turn навигација како и можност за праќање на пораки кога ќе го поврзете телефонот. Сите овие работи можете да ги контролирате преку екранот кој е сензитивен на допир.

Кој модел е за вас? Chief Dark Horse има најмалку опрема, опремен е со леени тркала (19 инчи напред и 16 инчи позади) , како и помали предни светла.

superchieflimited

Bobber Dark Horse оди еден чекор напред со неговите mini-ape hanger bars, 16 инчни spoked тркала, напредни контроли како и големи предни светла.

На крај, тука е Super Chief Limited, кој има најстаромоден изглед од сите три модели. Тој е поблизок до Bobber со неговите 16 инчни тркала но исто така има и ветробранско стакло кое лесно може да се отстрани, туринг седиште, држачи за нозете како и традиционални крузер шипки. Покрај ова, има и опциони светла за магла, како и загреани рачки. Издувот има хромирани детали.

Сите три модели треба да пристигнат на пролет. Препорачана цена од производителот за Chief изнесува 18.000 евра, за Chief Bobber таа е 20.000 евра додека пак препорачаната цена за Super Chief е 22.000 евра.

Indian Motorcycles Chief:

  • 1890cc air-cooled V-twin
  • Three new models
  • TFT dash with navigation
  • 126lb.ft torque
  • 304kg

Би можело да ве интересира

Тимот на Сузуки го претстави новиот GSX-RR со кој Алекс Ринс и Жоан Мир ќе се натореваруваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.

Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.

Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.

Франко Морбидели беше најголемото изненадување минатата сезона.

Во текот на летната пауза, Валентино Роси ќе одлучи дали и во иднина ќе продолжи со трките или ќе се повлече од натпреварувањето.

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.