Се остварија предвидувањата од минатата година според кои Honda America требаше да објави подобар и помоќен PCX скутер. Исто така се вратија и скутерите Metropolitan и Ruckus а имаме и подобрена верзија на CBR300R.
Новиот PCX има нов изглед, напредна опрема како и поголем, 157cc, мотор. И претходната верзија на овој скутер, која имавме можност да ја тестираме, 2019 PCX150, исто така се покажа како добра и можеше да постигне брзина од 111 километри на час.
Ruckus и Metropolitan се враќаат како модели за сезоната 2022. Тие исто така ќе имаат нова боја. А тука е и CBR300R sportybike.
Дел од соопштението на Honda:
„Скутерите и мотоциклите со помал капацитет продолжуваат да играат важна улога во нашата линија на мотоцикли. Тие им се допаѓаат на новите возачи, забавни се и економични. Со преставувањето на целосно новиот PCX како и враќањето на скутерите со капацитет од 50cc, има по нешто за сите возачи. CBR300R пак е одличен за оние кои бараат нешто повеќе.“
PCX
Преставен на пазарот во САД во 2009 година како PCX125, овој спортски скутер на Honda претрпе неколку промени и подобрувања низ годините. Тој тренд продолжува и во 2021 година а оваа машина доби 157cc едно цилиндричен мотор. Дизајниран да биде лесен за управување во урбани средини, моторот и понатаму останува тивок и ефикасен. Редизајнираната шасија го подобрува искуството. Намалена е тежината а подобрено е управувањето во свиоците.
Изгледот, практичноста и безбедноста се решени благодарение на LED светлата, поголемиот простор за багаж како и Honda Selectable Torque Control (HSTC).
Боја: Pearl White
Достапен: Март
Metropolitan
Скутер во Европски стил кој има привлечен и заоблен дизајн. Овој компактен скутер има пристапна цена и е лесен за управување. Оние кои сакаат поголема практичност сигурно ќе ги израдува поголемиот простор за багаж, куката за прицврстување како и задниот простор за дополнителна опрема. Metropolitan е одличен скутер кој кратките дестинации ќе ги направи многу забавни.
Боја: Pearl Soft Beige, Coastal Blue
Достапен: Април
Ruckus
Овој модел лансираше цела субкултура на скутери. Има специфичен дизајн кој го карактеризираат двојните, предни, светла како и неговата рамка. Меѓу попрактичните карактеристики се лесното управување, издржливоста како и малата потршувачка на гориво. Овој скутер, кој има капацитет од 49cc, е одличен избор за возење низ град.
Бои: White/Pearl Blue; Gray, Midnight Blue/Tan
Достапен: Април
CBR300R
Honda ги научи сите лекции од децениското подобрување на CBR и ги примени во оваа едно цилиндрична машина која е одлична за возење како низ град така и на автопат. Секоја Суперспорт машина има за цел да биде лесна и пргава а CBR300R ги исполнува овие услови. Ако на ова го додадете изгледот, ниското седиште како и достапните ABS сопирачки, тогаш добивате мотоцикл кој одговара на потребите на секој нов возач.
Бои: Grand Prix Red, Matte Gray Metallic
Достапен: Април
https://motori.com.mk/motocikli/celosno-nov-honda-pcx-skuter-se-vrakjaat-ruckus-metropolitan-cbr300r#sigProIdfe1d87fd9b
Би можело да ве интересира
Тимот на Сузуки го претстави новиот GSX-RR со кој Алекс Ринс и Жоан Мир ќе се натореваруваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.
Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.
Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.
Франко Морбидели беше најголемото изненадување минатата сезона.
Во текот на летната пауза, Валентино Роси ќе одлучи дали и во иднина ќе продолжи со трките или ќе се повлече од натпреварувањето.
Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.