Увозникот на Хонда за Македонија, Макпетрол, во својот салон го изложи новиот модел на HONDA SH150I за 2020 година.
Еден од омилените скутери на италијанците, со повеќе од 11.500 парчиња продадени во 2018 година, за 2020 доаѓа со целосно нова машина.
Иако се работеше за скутер на кој ретко можеше некој да му најде маана, инженерите на Хонда работеа напорно да го подобрат моделот. Резултатот за 2020 е нова рамка и надворешен изглед кој го зголеми капацитетот на местото за складирање за неверојатни 50%, а новата геометрија нуди ушто по удобно возење.
Новиот агрегат со 4 вентили забрзува побрзо од претходниот модел, има поголема крајна брзина, а истовремено и намалена потрошувачка. Од фабрика доаѓа со технологијата „Honda Selectable Torque Control (HSTC)“, и ги задоволува Еуро-5 стандардите.