Honda Motorcycle и Scooters India Limited објавија три нови верзии на нивните популарни скутери. Тие ќе имат нова технологија која ќе обезбеди супериорни перформанси и долга километража.

Honda-Activa-Aviator-Dio-fitted-with-new-HET-technology

Honda Motorcycle и Scooters India Limited објавија три нови верзии на нивните популарни скутери. Тие ќе имат нова технологија која ќе обезбеди супериорни перформанси и долга километража.

Компанијата објави три верзии на своите популарни скутери Activa, Avitor и Dio, кои ќе имаат Honda Eco Tech (HET) технологија, без притоа да ја зголеми нивната цена.  Овие скутери имаат мотори со зафатнина од 110cc и нудат речиси 10 до 12 % помала потрошувачка на гориво, објави Сурендар Бабу, генерален менаџер на Pratul Honda.

honda-novi-india

По речиси 12 години од нивното појавување, Honda повторно ги претстави овие мотори но овој пат со нова технологија која ќе помогне да се зголеми продажбата, и да се зголеми задовоството на клиентите, како во однос на удобноста при возење така и според супериорните перформанси.

Новиот технолошки центар лоциран во Индија одигра важна улога во развојот на овие мотори кои можат да поминат до 60 километри со еден литар гориво. Имајќи го во предвид успехот кој скутерите го постигнаа во Индија, најавена е можност за нивна дистрибуција и во земјите во Европа со пониска куповна моќ како што е Македонија.

Back To Top