Продолжувајќи да ги брише границите помеѓу различните видови на мотори, Honda  ќе не почести со уште еден пар на уникатни мотори, кои формално ќе се водат како модели од 2014 година.

2014-Honda-CTX700

Продолжувајќи да ги брише границите помеѓу различните видови на мотори, Honda  ќе не почести со уште еден пар на уникатни мотори, кои формално ќе се водат како модели од 2014 година.

Тие ќе бидат достапни на пролет во 2013 година на пазарот во САД, а следната година и во Европа. Honda CTX 700 2014 и CTX 700N 2014 ќе го имаат истиот 670cc мотор кој го има кај NC700, кој беше дизајниран за да биде практичен мотор за градските возачи.

Овие мотори ќе изгледаат како нешто помеѓу уличен мотор и мотор за на пат, a доколку доплатите 1000 евра ќе имате и ABS сопирачки и менувач со двојно квачило (DTC). Очигледно, целта на Honda е да ги направи Honda CTX 700 и CTX 700N  достапни и прифатливи мотори за новите возачи, а со цени од 6,999$ и 7,999$ (цени за американскиот пазар) се чини дека ја постигна таа цел.

2014-Honda-CTX700N

Ако го погледнете одблиску CTX 700N, ќе забележите многу елементи кои ги има кај другите Honda мотори, а доколку пак го погледнете  CTX700 ќе забележите многу сличности со неговиот поголем роднина Honda Gold Wing F6B, само во помала и полесна варијанта.

Honda очигледно се обидува да ги промовира овие релативно мали мотори (72cm висина на седиштето) како да се големи мотори и ќе биде интересно да се види како ќе реагира пазарот на овие машини. Ќе биде тешко да се каже дали оваа стратегија на Honda ќе се покаже како добра, но со оглед на тоа дека Јапонскиот производител продолжува со оваа агенда секоја година, крајниот резултат сигурно е добар.

Back To Top