Honda ги претстави подобрените верзии на NC750X и X-ADV за 2021 година. Двете машини користат 58bhp, 750cc parallel-twin мотор како и DCT менувач кој последен пат го видовме кај скутерот Forza 750.
NC750X ги комбинира лесноста во управувањето и практичноста која ја има кај скутерите заедно со убавината на мотоциклите. Кај новите модели пократок е опсегот кај првите три брзини а исто така и за 6 килограми е помала неговата тежина. Промените кои се направени кај првите три брзини допринесоа и за помала потрошувачка на гориво.
Нов „ride-by-wire“ систем значи и додавање на три режими на возење: Sport, Rain и Standard. И контролата на тракцијата е прилагодлива. И тука имате три опции а доколку сакате можете целосно да ја исклучите. Кај оваа машина Honda исто така го зголеми и просторот за багаж.
А како што NC750X го приближува мотоциклот со скутерот, истото го прави и X-ADV. Тој има нов 750cc мотор заедно со DCT менувач опремен со „ride-by-wire“ систем. Оваа машина има дополнителен режим на возење, „Gravel“, доколку сакате да возите по некој пат кој не е многу популарен кај останатите возачи.
X-ADV исто така ја има и најновата технологија на Honda за поврзување на вашиот телефон со мотоциклот. Со гласовна команда можете да вршите телефонски повици, да ја следите навигацијата или пак да ја проверите вашата електронска пошта. Доколку сакате истото ова можете да го направите и преку новиот LCD екран.
NC750X и X-ADV се достапни во новата Grand Prix црвена боја а исто така има мали промени и во однос на надворешниот изглед. X-ADV сега изгледа како помала верзија на Arfica Twin.
2021 Honda CB1000R and CB125R
Откако на почетокот на октомври Honda ги претстави промените кај CB650R, компанијата сега ни ги прикажа малите измени кај CB1000R и CB125R.
Верзијата CB1000R има освежен изглед и нова опрема. Моторот кој потекнува од 143bhp Fireblade сега има нови карактеристики како што се променетите сетинзи за вбризгување на гориво кои пак обезбедуваат подобра реакција на гаста и подобар пренос на моќта. Euro 5 стандардот е исполнет благодарение на нов сет на сензори на издувот.
Мали промени има и во однос на изгледот на мотоциклот и сега е сменет обликот на предното светло. Машината има и 5 инчен TFT екран на кој можете да го приклучите вашиот телефон. На задниот дел имаме нова алуминиумска подрамка. Тука се и новите алуминиумски бандажи.
2021 Black Edition е речиси целосно црн. Како стандарден дел кај оваа машина доаѓа нов менувач.
CB125R е опремен со 124.9cc four valve liquid-cooled мотор кој има 14.8bhp, плус 41mm Showa Separate Function Big Piston вилушки. Од Honda велат дека ова е прв пат тие да се најдат кај 125. Останува да видиме дали тие навистина се потребни кај возачите почетници и за оние кои ги користат мотоциклите за извршување на секојдневните обврски.