Мотоцикли

Honda го престави CMX1100 Rebel

Honda повторно влезе во „big-bore“ крузер класата во 2021 со целосно новиот Rebel 1100, верзија на популарниот Rebel 500 која има поголем капацитет.

Следете нè на:

 

Honda повторно влезе во „big-bore“ крузер класата во 2021 со целосно новиот Rebel 1100, верзија на популарниот Rebel 500 која има поголем капацитет.

Како што веќе споменавме претходно, новиот Rebel има верзија на parallel twin моторот кој може да се најде кај актуелниот CRF1100 Africa Twin.

Како и верзијата 500, и CMX1100 Rebel има слични димензии (висината на седиштето изнесува 700 милиметри) искомбинирани со изгледот кој го имаат крузер моделите. Напред има 18 инчно тркало додека пак позади тоа има 16 инчи.

2021 Honda CMX1100 Rebel

Моторот кој има капацитет од 1084cc доаѓа заедно со „Dual Clutch Transmission“ што го прави новиот Rebel првиот крузер кој има полу автоматски менувач. Промени има и внатре кај моторот и сега значително се подобрени перформансите.

Резултатот од тоа е 86bhp при 7000rpm и torque of 72ft.lb при 4750rpm.

Има три главни режими на возење (Standard, Sport и Rain) како и дополнителен „User“ режим кој можете да го прилагодите.

2021 Honda Rebel 1100 dash

Верзијата 1100 Rebel го следи примерот на неговиот помал брат и исто така има челична рамка но цевките се подебели. Има телескопски вилушки и двојни, задни, амортизери.

Единечниот преден диск е одговорен за сопирање. Округлото светло е составено од 4 LED сијалици а машината е опремена и со 120мм LCD екран.

Honda Rebel 1100

Honda CMX1100 Rebel се очекува да се појави во продавниците во март 2021 година. Препорачаната цена на производителот за овој модел изнесува 10.000 Евра додека пак DCT верзијата чини 11.000 евра.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.

Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.

КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.

2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.

2021 Sepang Shakedown и официјалниот MotoGP тест се откажани.

2021 Kawasaki Ninja 400 пристигнува во две верзии, со и без ABS.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.