Пред 23 години Honda престана да го произведува NX 650 Dominator, дали оваа легенда ќе добие свој наследник?
Ако судиме според фактот кој наведува дека Honda неодмана регистрирале патент за да го заштитат името NX 500 тогаш може само да претпоставиме дека во својот план имаат нов т.н. дуал спорт мотор кој ќе биде наследник на Dominator.
Според информации кои ги пренесува Motorrad, Honda ја регистрирала кратенката NX во мај оваа година и се очекува во 2023 да понуди на пазарот нова изведба на база на својот 500 агрегат. Односно агрегатот е оној со зафатнина од 471cc кој веќе се користи во CB500X и се очекува да биде искористен и во CL 500.
Се останато покрај зафатнината на моторот е само шпекулација. Медиумите погодуваат дали ќе има 19 или 21 инчно тркало напред. Ако се земе предвид дека CB500X има 19-ка напред тогаш за очекување е оваа изведба да биде повеќе насочена кон неасфалтираните патишта и напред да има 21 инчно тркало.
Во најавите се вадат податоци за истириските успеси на Honda со мотори кои се блиску до овој но никој не бил ист... па така шпекулациите и опциите ќе ги оставиме за некоја следна прилика кога ќе има официјални инфорамации. Засега останува само да имаме предвид дека догодина Honda може да има нов доминатор кој ќе се обиде, нели според името, да издоминира во сегменотот.