Италијанскиот производител на мотоцикли Energica се подготвува да претстави нов концепт на мотоцикл заедно со разни други додатоци на EICMA 2016.

Италијанскиот производител на мотоцикли Energica се подготвува да претстави нов концепт на мотоцикл заедно со разни други додатоци на EICMA 2016.

Со согласност со слоганот на EICMA 2016 „Мотоцикли кои никогаш досега не се видени“, италијанската компанија Energica најави дека ќе претстави нов концепт на електричен мотоцикл кој е развиен од дизајн и од технологија која веќе може да се најде на нејзините мотоцикли.

energica to reveal new concept at eicma 112602 1

Слободно може да се каже дека новиот концепт ќе се базира на „Ego flagship“ моделот, кој има 136 коњски сили и 196 вртежи во минута. Ова му овозможува на мотоциклот да забрза од 0 до 100 километи на час за само 3 секунди. Максималната брзина се очекува да биде 241 километар на час.

Додадете ја на тоа новата електроника, новиот дизајн и разните други додатоци и ќе добиете мотоцикл кој е во согласност со актуелниот тренд на продажба.

Но тоа не е се. Од Energica најавија дека на мото шоуто ќе претстават и нова боја „ Lunar White“ за моделите „Ego sportbike“ и „Eva streetfighter“.

За време на EICMA ќе биде претставен и новиот комерцијален план на компанијата. Тој ќе биде поделен на два дела. Прво, Energica ќе соработува со неколку компании од САД и Италија за да креира мрежа преку која возачите за кратко време ќе можат да ги наполнат мотоциклите. Второ, компанијата ќе ви овозможи враќање на 50% од парите што сте ги платиле доколку го вратите мотоциклот за 24 месеци.

Back To Top